Најголемата промена во последните 50 години

Дали авиокомпаниите го укинуваат чекирањето?

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), тело на ОН одговорно за изготвување правила за воздушниот сообраќај, планира голема ревизија на постоечките правила за аеродромите и авиокомпаниите со воведување „дигитален патен документ“.

Овој систем ќе им овозможи на патниците да ги складираат податоците од пасошот на мобилни уреди што би се користеле во текот на нивното патување. Според Times, промените би можеле да стапат на сила во рок од три години.

Препознавање лица на аеродроми

Во моментов, патниците мора да се чекираат (check-in), или онлајн или на аеродром. Потоа им се издава карта за патување со баркод, кој потоа мора да го покажат на повеќе контролни пунктови, вклучително и при влегувањето.

Промените што се најавуваат ќе ја елиминираат потребата од карти за качување и пријавување. Наместо тоа, патниците при резервацијата на летот би преземале „патна пропусница“ (journey pass) на својот телефон. Доколку има промени во резервацијата, пропусницата ќе се ажурира автоматски.

Патниците, исто така, ќе може да го стават својот пасош на телефонот и да користат препознавање на лицето за да поминат низ аеродромот. Наместо досегашното чекирање, со кое авиокомпаниите добиваат информации за тоа кој планира да се качи во авионот, во иднина автоматски ќе бидат информирани кога патникот ќе пристигне на аеродромот и кога ќе му се скенира лицето.

„Најголемата промена во последните 50 години“

Валери Виале, директор за управување со производи во технолошката компанија Amadeus, изјави за Times дека промените се „најголеми во последните 50 години“.

„Последното големо подобрување беше воведувањето на е-билети во раните 2000-ти. Индустријата сега одлучи дека е време да се модернизира – кон системите што ги користи, на пример, Amazon“.

За успешно спроведување на промените, аеродромите ќе треба да инвестираат во инфраструктура за препознавање лица и системи кои ќе можат да читаат пасоши од мобилни уреди.

„Многу авионски системи не се променети повеќе од 50 години, бидејќи сè треба да биде компатибилно и интероперабилно“, рече Виале.

Новата технологија може да предизвика загриженост за приватноста, но Amadeus тврди дека развиле систем во кој сите лични податоци се бришат 15 секунди по секој контакт со системот - на пример на безбедносни контролни пунктови.

Ќе се промени и начинот на постапување со одложувањата и пропуштените поврзувачки летови. Во новиот систем, патниците кои ќе го пропуштат својот поврзувачки лет поради доцнење што не е нивна вина, ќе добиваат известување на мобилниот телефон со детали за новиот лет, а нивната пропусница ќе биде автоматски ажурирана за да им се овозможи да се качат на новиот лет.

реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Бизнис

Американски пилоти лаеле и мјаукале на фреквенцијата на контролата на летање

Read more

Унгарскиот форинт вртоглаво расте по поразот на Орбан

Read more

Стефано Габана поднесе оставка од Dolce & Gabbana

Read more

Пилотите се плашат дека ќе бидат отпуштени ако одбијат да летаат над Блискиот Исток

Read more
 

Вести

САД со 5 милиони долари поддршка за сајбер безбедноста во Македонија

Читај повеќе

ТИТАН Усје: Емисиите се под дозволените граници, без филтри нема производство

Читај повеќе

Трoјца тешко повредени пешаци во еден ден во Скопје, Штип и Битола

Читај повеќе

Во дом во Прилеп пронајдени 74 стари монети: Кривична пријава за недозволена трговија со културно наследство

Читај повеќе

Мицкоски: Оние што се против законот за високо образование сакаат плата од 150.000 денари, а не сакаат да напишат труд

Читај повеќе

Кривична пријава против ексградоначалникот на Сарај, дозволил фирма да се стекне со над 700.000 евра

Читај повеќе

Украинското разузнавање предупредува: Русија подготвува голема офанзива, цел е Донбас до септември

Читај повеќе

Левица прашува: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити?

Читај повеќе

Мицкоски: Прво процедура да му се тргне азилот па потоа барање за екстрадиција на Груевски

Читај повеќе