ЕЦБ ѝ одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП: Зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра

Европската централна банка (ЕЦБ) ѝ одобри пристап на Народната банка до зголемена репо-линија на Евросистемот (ЕУРЕП), со максимален износ од 50 милијарди евра. По завршувањето на техничкиот процес на приклучување, Народната банка ќе може да има брза достапност до девизна ликвидност што ќе ѝ овозможи полесно да се справи со потенцијалните шокови за финансирање и зголемената побарувачка на ликвидност во евра.

„И покрај тоа што девизните резерви на Народната банка се на високо ниво и претставуваат примарен заштитен механизам за одржување на макроекономската и финансиската стабилност, пристапот до зголемената репо-линија претставува значителна поддршка за зајакнување на отпорноста на финансискиот систем и за справување со евентуални надворешни шокови и зголемена побарувачка за ликвидност во евра.

Народната банка досега имаше пристап до репо-линија на ЕЦБ во максимален износ од 400 милиони евра, која беше воспоставена за време на пандемијата на COVID-19 и последен пат беше продолжена до 31 јануари 2027 година. За разлика од оваа репо-линија, зголемената репо-линија (ЕУРЕП) претставува траен инструмент на Евросистемот, со значително поголем капацитет и поширок опфат, со што дополнително се зајакнува заштитната мрежа за обезбедување ликвидност во евра во услови на евентуални пазарни нарушувања.

Зголемената репо-линија (ЕУРЕП) е инструмент на Евросистемот, воспоставен со цел да го поддржи непреченото спроведување на монетарната политика. Таа обезбедува постојан пристап до ликвидност во евра за централните банки и монетарните власти надвор од еврозоната, а со неа управуваат пет национални централни банки под координација на ЕЦБ.

Со воведувањето и овозможувањето пристап до зголемената репо-линија, ЕЦБ ја потврдува својата посветеност на обезбедувањето ликвидност во евра во периоди на пазарни предизвици за централните банки надвор од еврозоната, како и на поддршката на непреченото функционирање на финансиските пазари“, се вели во соопштението на Народната банка.

Тагови
реклама

Зошто Германците не „летаат“ на автопат дури и таму каде што нема ограничување на брзината?

Read more

Во кое време од денот е најлошо да си дремнете?

Read more

Црна Месечина во Јарец од 15 септември: Какво искушение му носи на вашиот хороскопски знак?

Read more

Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Read more

Бизнис

Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти

Read more

Европа ја губи битката со евтината облека: Само 13% од облеката во ЕУ е домашно производство

Read more

Цените на нафтата стигнаа до „психолошката“ граница од 100 долари

Read more

Колку работни места ќе изгубиме поради „кинеската колонизација“ на Европа?

Read more

Вести

Мерц поради успехот на AfD го откажа патувањето во Њујорк

Читај повеќе

Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти

Читај повеќе

Земјотрес во Пехчево и Берово

Читај повеќе

Нападнат танкер за нафта во Ормускиот Проток: Двајца морнари се водат како исчезнати, 23 се спасени

Читај повеќе

Европскиот парламент усвои извештај за странското мешање: Русија главна закана, Србија центар за дезинформации

Читај повеќе

Медитеранот сруши историски рекорд, Европа се соочува со закана од екстремни бури

Читај повеќе

Зеленски бара американски гаранции, Кремљ укинување на санкциите, откако Трамп објави дека има договор за енергетските објекти

Читај повеќе

Се трага по скопјанец во Охрид, на плажа биле пронајдени негови алишта и телефон

Читај повеќе

AfD убедливо најсилна партија во Германија

Читај повеќе