Ефект на пеперутка: Дождот во Бразил ги менува цените на кафето на другата страна од светот

Квалитетот на арабиката во Бразил е во опасност поради обилните дождови, кои ги зголемуваат цените на кафето и влијаат на глобалниот пазар.

Големите температурни промени ова лето, сушите во еден дел од светот и обилните дождови во друг, влијаеја на квалитетот и приносот на храната. Така, во Бразил во опасност е арабиката.

Бразил е на добар пат за рекордна жетва, но невообичаено обилните врнежи од дожд на главните плантажи во земјата го загрозија квалитетот на сортата арабика, ограничувајќи ја понудата на зрна кафе од врвен квалитет што се користат во премиум мешавини од големите компании, кои се присутни и на нашиот пазар.

Со оглед на тоа што Бразил произведува околу 45% од светската понуда на арабика, ова би можело да биде голем удар, а новиот проблем доаѓа по последователни периоди на послабо производство, што придонесе за скок на глобалните цени на историски максимум минатата година.

Сепак, овој пат проблемот не е во квантитетот, туку во квалитетот.

До 20% од плодовите паднаа од дрвјата

Обилните дождови ја загрозија културата арабика во најважниот регион за производство на квалитетно кафе - Сераду Минејру, кој се наоѓа околу 600 километри северно од Саун Паулу. Дождовите паднаа токму на почетокот на бербата, предизвикувајќи голема количина зрели и висококвалитетни плодови да паѓаат од дрвјата и да лежат на земја со денови, натопени во вода.

Резултатот може да биде кафе со несакан вкус на мувла и влага, кое нема да даде премиум вкус и всушност не се препорачува во производството на кафе.

Исто така, втор бран обилни дождови го погоди кафето кое веќе беше расфрлано за сушење, принудувајќи многу производители повторно да го започнат овој деликатен процес.

Цените од јуни се зголемија за 35%

Ситуацијата на плантажите веќе има влијание врз пазарот. Фјучерсите за арабика се зголемија за околу 35% од јуни, неутрализирајќи голем дел од загубите регистрирани од почетокот на годината, додека падот на квалитетот го отежнува и обновувањето на сертифицираните залихи во магацините на ICE (Intercontinental Exchange) во САД и Европа, кои се близу до најниските нивоа во овој век.

Под нормални околности, околу 30 до 35% од производството во овој регион ги исполнува високите стандарди на ICE. Оваа година тој процент би можел драстично да се намали на само 10% до 15%.

Парадокс на пазарот

Министерството за земјоделство на САД предвидува дека во сезоната што започнува во октомври, глобалната понуда на кафе ќе ја надмине потрошувачката за 10 милиони вреќи, што би бил најголемиот вишок во последните шест години, првенствено благодарение на рекордната жетва во Бразил, но тоа не значи дека премиум арабика ќе има во изобилство.

Големите компании можеби ќе можат да апсорбираат дел од трошоците, да ги пренесат на малопродажните цени или да го променат составот на нивните мешавини со користење зрна од различно потекло и квалитет.

Тагови
реклама

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Контроверзни одлуки на српската изборна комисија 20 дена пред изборите

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Мајкл Даглас за татко му Кирк: Го доживував тато како Супермен

Read more

Бизнис

Кина буши 8 километри длабоко во пустината - таму се кријат лежишта на нафта и гас

Read more

BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите 6 месеци од 2026 година

Read more

Една од најстарите германски пиварници затвори по 350-годишна историја

Read more

Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци

Read more

Вести

  • play_arrow

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Читај повеќе

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Читај повеќе
  • play_arrow

Косово има нова претседателка

Читај повеќе

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Читај повеќе

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Читај повеќе

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Читај повеќе

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Читај повеќе

Бугарскиот министер за погодените бродови: Имам свое убедување чии се дроновите

Читај повеќе