Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти

Националната нафтена компанија од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Abu Dhabi National Oil Co (ADNOC), купи милиони барели сурова нафта од ирачката државна нафтена компанија SOMO по намалена цена, според три извори запознаени со случајот.

Во текот на август и првата половина на септември, ADNOC беше најголемиот купувач на ирачка нафта преку својот оддел за тргување, изјавија извори од ирачкиот енергетски сектор. Набавките на ADNOC го поттикнаа ирачкиот извоз, кој претходно беше значително намален поради војната на Блискиот Исток, забележува Reuters.

Попусти до 27 долари по барел

Компанијата од ОАЕ во август се договори за купување на 32 милиони барели ирачка нафта, со попусти што се движеа од 24,90 до 27 долари по барел. Во септември купи уште 40 милиони барели, вклучувајќи 10 милиони барели со попуст од 18 долари по барел и 30 милиони барели со попуст од 25 долари по барел, изјави еден од ирачките извори.

Иако ирачката компанија SOMO му додели 32 милиони барели на ADNOC за август, енергетскиот гигант од ОАЕ натовари само 20 милиони барели поради ограничувањата на извозот и неможноста на компанијата Basra Oil Company да обезбеди доволни количини сурова нафта, изјави втор ирачки извор.

Од почетокот на септември, ADNOC натовари 14 милиони барели ирачка нафта, додаде изворот.

И други купуваат големи количини

Трет извор наведе дека ADNOC купил приближно 20 милиони барели сурова нафта од ирачката SOMO преку тендер – со попуст од 25 до 27 долари по барел – за испорака во периодот меѓу септември и октомври.

И други компании купуваат ирачка сурова нафта. SOMO понуди пратки за товарење во август со големи попусти, привлекувајќи и други купувачи – вклучувајќи ги кинеските државни гиганти PetroChina и Zhenhua Oil, француската TotalEnergies, како и трговските куќи Vitol, Trafigura, Mercuria и Cathay Petroleum – изјавија претходно извори од трговскиот сектор за Reuters.

Тагови
реклама

Бизнис

Од март директна линија Дубаи–Скопје три пати неделно, најави Муцунски

Read more

BALFIN Group и Flying Tiger Copenhagen го прошируваат партнерството на три пазари во ЕУ

Read more

Шефицата на ММФ: Инвестициите во вештачка интелигенција го одржуваат глобалниот раст на 3%

Read more

Шефот на Ryanair ја смирува авиоиндустријата: Ќе има доволно керозин

Read more

Вести

Решение за најнеобичната граница во светот: Азербејџан и Ерменија би можеле да разменат територии

Читај повеќе

Левица: Македонија треба да преговара со институциите на ЕУ, а не да прифаќа билатерални уцени

Читај повеќе

Може ли Софија да го блокира македонскиот јазик во ЕУ? Милошоски предупредува, според СДСМ нема ризик

Читај повеќе

Утре дожд и засилен северен ветер, на планините се очекува и снег

Читај повеќе

Маск: И така, масакрот продолжува, време е Зеленски да си оди

Читај повеќе
  • play_arrow

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Читај повеќе

Чуварите на времето по историска одлука во Версај: Засекогаш се менува начинот на кој го сметаме времето?

Читај повеќе

Град Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рок

Читај повеќе
  • play_arrow

Ескалација на протестите во Албанија: Студенти палат државни згради и банки, бараат оставка од Рама

Читај повеќе