ЕУ има нови правила за авиопатниците: Надомест за летови што доцнат, решение за рачниот багаж

Европскиот парламент денес ги одобри ревидираните правила на ЕУ за авионските патници, потврдувајќи го правото на бесплатен рачен багаж и финансиска компензација во случај на доцнење на летови. 

Авиокомпаниите предупредуваат дека ова ќе доведе до повисоки цени на билетите, додека здруженијата на патници го поздравуваат зачувувањето на правата на патниците, пишува Euronews.

Пратениците дадоа конечно зелено светло за договорот постигнат со земјите-членки по повеќе од една деценија преговори. Предлогот беше усвоен на пленарна седница со 646 гласови „за“, 12 „против“ и три „воздржани“.

Надомест за доцнења и откажувања

Авионските патници во Европската Унија ќе продолжат да имаат право на надомест помеѓу 250 и 600 евра ако нивниот лет е во доцнење повеќе од три часа или е откажан. Новиот текст наведува дека за летови подолги од 3.500 километри, компензацијата ќе биде 300 евра, а ќе се зголеми на 600 евра ако доцнењето надмине четири часа или летот е откажан.

Патниците ќе имаат девет месеци да поднесат барање, а авиокомпаниите ќе мора да го платат надоместокот во рок од 30 дена или да побараат вонредни околности за да избегнат плаќање.

Правила за рачен багаж

Новите правила, исто така, ја разјаснуваат политиката за надоместоците за рачен багаж. Патниците сè уште ќе имаат право на еден бесплатен личен предмет, како што е мал ранец или торба, со димензии до 40 x 30 x 15 см.

Нискобуџетните превозници како што се Rayanair и EasyJet моментално наплаќаат за помали торби на тркала, но според новата регулатива сите авиокомпании ќе мора да ја прикажат цената на билетот што вклучува рачен багаж на почетокот на процесот на резервација, особено на посредничките и пребарувачките портали. Сепак, тие ќе можат да понудат поевтини билети на патниците кои доброволно ќе изберат да патуваат без рачен багаж.

Дополнителни права за патниците

На патниците повеќе нема да им биде дозволено да им се наплаќаат дополнителни такси за исправка на мали грешки во името на билетот. Тие исто така ќе имаат право да добиваат дигитални карти за влегување при пријавување за нивниот лет, без никаков дополнителен услов или обврска да имаат сметка или специфична апликација на авиокомпанијата.

Ревизијата на регулативата на ЕУ за заштита на патниците беше започната во 2013 година. Оттогаш, европратениците се залагаат за проширени права за багаж и заштита на патниците, но се соочија со отпор од некои земји-членки и од воздухопловната индустрија. Новите правила ќе стапат во сила во 2027 година.

реклама

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Бизнис

Шефицата на ММФ: Инвестициите во вештачка интелигенција го одржуваат глобалниот раст на 3%

Read more

Шефот на Ryanair ја смирува авиоиндустријата: Ќе има доволно керозин

Read more

Теснецот е одблокиран, зошто цените на горивата не паѓаат?

Read more

Војна или не, рускиот гас се враќа во Европа?

Read more

Вести

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Читај повеќе

Шефицата на ММФ: Инвестициите во вештачка интелигенција го одржуваат глобалниот раст на 3%

Читај повеќе

Поради падот на температурите, грејната сезона започнува од утре

Читај повеќе

Маѓар за истополовите бракови: Многу сум претпазлив

Читај повеќе

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

Казнети свадбарите што блокираа улица во Аеродром

Читај повеќе

Bloomberg тврди: Русија изгубила над 50.000 војници во септември

Читај повеќе

Период на променливо облачно со повремени врнежи, на повисоките планини ќе бидат од снег

Читај повеќе

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Читај повеќе