Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Покраинскиот суд во Бремен пресуди дека производителот на Milka ги заблудил потрошувачите со намалување на тежината на чоколадото Alpenmilch од 100 на 90 грама, додека пакувањето останало практично непроменето.

Пресудата дојде по три недели постапка што ја покрена канцеларијата за заштита на потрошувачите во Хамбург VZHH против Mondelēz. Судот заклучи дека проблемот не е само во тоа што пакувањето е исто, туку дека вистинската содржина е неконзистентна со визуелните очекувања што производот ги создал за клиентите во текот на годините.

Чоколадото Alpenmilch на Milka претходно тежело 100 грама, но потоа било намалено на 90 грама. Виолетовата амбалажа не била видливо променета, додека новото чоколадо било само за милиметар потенко. На почетокот на 2025 година, цената се зголемила од 1,49 на 1,99 евра.

Судот рече дека е потребно јасно, разбирливо и лесно видливо предупредување на пакувањето за да се елиминира измамата. 

Пресудата сè уште не е конечна, а компанијата има еден месец да поднесе жалба. Од Mondelēz за BBC изјабија: „Ја сфаќаме одлуката на судот сериозно“ и дека сега ќе ја разгледа детално.

Компанијата тврди дека ги информирала германските потрошувачи за промената преку својата веб-страница и социјалните медиуми и дека зголемените трошоци во синџирот на снабдување довеле до одлуката да се намали тежината на повеќе чоколади Milka. Сепак, германските потрошувачи минатата година го избраа Mondelēz за „најбезобразно пакување во 2025 година“.

Случајот со Milka не е единствен. Во Германија, Ritter Sport исто така се соочи со критики за слична практика, намалувајќи ја тежината на некои производи од 100 на 75 грама, додека големината на производот ја задржа речиси иста. Притисокот врз производителите е дополнително зголемен со зголемувањето на цените на какаото по послабите жетви во Западна Африка, додека британски Which? соопшти дека цените на чоколадото се зголемиле за 14,6 проценти на годишно ниво до август 2025 година.

Тагови
реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Read more

Мундијалски приказни: Дали Тито навистина продал натпревар на Светско за 700 милиони марки?

Read more

Колку ќе ве чини само да го однесете Mercedes-AMG One на редовен сервис?

Read more

Бизнис

ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз

Read more

Илон Маск на пат да стане првиот трилионер во светот: Колку нули се тоа?

Read more

Jumbo S.A. и BALFIN Group потпишаа значаен договор за продолжување на ексклузивното партнерство низ Евроазија

Read more

Одземена дозвола за работа на финансиско друштво

Read more

Вести

ЕУ откри колку досега ја чинела војната на Блискиот Исток

Читај повеќе

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Читај повеќе

Ослободителна пресуда за таткото на Васил Јованов со чие возило беше прегазена Фросина

Читај повеќе

Управувајќи велосипед паднала во одводна шахта: Тешко повредена скопјанка

Читај повеќе
  • filter

Рекордни 10.000 учесници го одбележаа јубилејното „Вози право, вози здраво“ vol.10 во најспектакуларното издание досега

Читај повеќе

Кривична за поранешен директор на Национални шуми, на 6 фирми им продал поевтини дрва

Читај повеќе

Си се сретна со Ким: Почнува нова ера во односите меѓу Кина и Северна Кореја

Читај повеќе

Курти победи на изборите во Косово, но нема мнозинство

Читај повеќе

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Читај повеќе