Илон Маск би можел да стане првиот трилионер во светот ако неговата компанија за вселенско истражување SpaceX излезе на јавна понуда на берзата, според извештајот на аналитичарите на Morgan Stanley.
Според анализата, SpaceX би можел да достигне вредност од 1 трилион долари односно 1.000.000.000.000.000.000 (милион билиони [милијарди]) или десет на осумнаесетти степен, според долгата скала која се користи во Македонија и разни други земји. Претставува износ милион пати поголем од трилионот на кратката скала.
Ова би го турнало богатството на Маск, во комбинација со неговите други средства, над таа граница, пишува Sky News.
Аналитичарот Адам Џонс ја опиша SpaceX како „компанија водена од мисија“ и потенцијално „највредната компанија во светот“. Во белешка до клиентите, тој истакна дека проценката на SpaceX би можела да достигне 1 трилион долари.
„Неколку клиенти ни кажаа дека ако Илон Маск стане првиот трилионер, тоа нема да биде поради Tesla“, напиша Џонс. „Други рекоа дека SpaceX на крајот би можело да стане највредната компанија во светот, без оглед на индустријата“.
Elon Musk’s SpaceX has unveiled plans to set a $135 share price in its initial public offering price, for a sale worth $75 billion. The blockbuster debut would make Musk the first-ever trillionaire. https://t.co/gDMQtlZHWM pic.twitter.com/B4eGDf9FWI
— CNN Breaking News (@cnnbrk) June 3, 2026
Џонс верува дека огромниот потенцијал на SpaceX се базира на два главни сегменти: нејзиниот основен бизнис за вселенско истражување и нејзината сателитска интернет услуга Starlink. Тој го гледа Starlink како клучен двигател на идната вредност на компанијата.
„SpaceX ги предизвикува сите претходни поими за тоа што е можно и во кои временски рамки, без разлика дали станува збор за ракети, лансирни возила или поддршка на инфраструктура“, рече тој.
Џонс, исто така, го опиша SpaceX како „машина за човечки капитал“ што привлекува врвни инженерски таленти. „Како што рече еден клиент, 'Да зборуваме за вселената пред Starship е како да зборуваме за интернетот пред Google'“, се додава во извештајот.
Илон Маск поседува околу половина од SpaceX, што значи дека неговиот удел би вредел околу 500 милијарди долари ако компанијата достигне проценета вредност од 1 трилион долари. Во комбинација со неговите други средства, вклучувајќи ги и акциите на Tesla, тоа би го направило првиот трилионер.
Во времето кога беше објавена анализата, Маск веќе беше најбогатиот човек во светот со нето вредност проценета на повеќе од 200 милијарди долари, откако го престигна основачот на Amazon, Џеф Безос. Самиот Маск реагираше на предвидувањата за неговото идно богатство со кратко објавување на емотиконот „(*_*)“ на социјалната мрежа X.