Јапонија им плаќа на постарите работници да не работат

Додека големите компании низ Америка и Европа ги враќаат вработените во канцелариите за работна недела од пет дена и масовно отпуштаат персонал за да ги намалат трошоците и да воведат вештачка интелигенција (AI), во Јапонија преовладува сосема поинаков деловен модел.

Јапонските фирми им плаќаат на илјадници постари работници редовно да доаѓаат на работа, да седат покрај прозорецот и практично ништо да не работат, пренесува деловното списание Fortune.

Овој феномен е познат како „работници покрај прозорец“ (madogiwazoku). Терминот се однесува на постари вработени – главно мажи на возраст од крајот на педесеттите и шеесеттите години, кои припаѓаат на генерациите бејби-бумери и генерација X – а кои биле ангажирани според традиционалниот јапонски систем на доживотно вработување и плата заснована на стаж.

Наместо да раководат со тимови или да склучуваат договори, тие го поминуваат работниот ден одговарајќи на повремени е-пораки, прелистувајќи документи, сурфајќи на интернет или гледајќи во празно, а притоа задржуваат високи плати без да сносат каква било реална одговорност.

Преку измените на Законот за стабилизација на вработувањето на постари лица и разни владини субвенции, јапонската влада ги охрабрува компаниите да обезбедат вработување за работници на возраст до 70 години.

Како резултат на тоа, Јапонија денес се гордее со една од највисоките стапки на вработеност кај постарите лица во развиениот свет; во 2022 година, повеќе од четвртина од луѓето постари од 65 години останале дел од работната сила. Истражувањата покажуваат дека 80 отсто од јапонските работници сакаат да продолжат да работат и по пензионирањето, при што 70 отсто претпочитаат да останат кај истиот работодавач.

Сепак, овој систем предизвикува растечко незадоволство кај помладите генерации. Студија на консултантската фирма Shikigaku, спроведена меѓу 300 работници на возраст од 20 до 39 години, покажа дека речиси половина од испитаниците (49,2 отсто) имаат „постар колега кој не прави ништо“ во компанијата кадешто работат. Дури 90 отсто од помладите вработени сметаат дека таквите колеги негативно влијаат на работната атмосфера, истакнувајќи дека тие го нарушуваат моралот (59,7 отсто), го зголемуваат обемот на работа за другите (49 отсто) и создаваат непотребни трошоци за компанијата (35,3 отсто).

И покрај критиките од помладите вработени, јапонските работодавачи гледаат значителни предности во овој модел. Со прераспоредување наместо отпуштање на помалку прилагодливите работници, компаниите го зачувуваат чувството на психолошка сигурност кај персоналот и го намалуваат стравот од ненадејно губење на егзистенцијата, а истовремено го задржуваат повеќедецениското искуство што може да се искористи за обука и менторство на новиот кадар, пренесува Fortune.

реклама

Најголемиот камион во светот: Носи 450 тони, а колку троши?

Read more

Србија се пофали со какво ново оружје и воена технологија располага

Read more

Ердоган по колапсот на инвестициските фондови во Турција: Ќе го исчистиме пазарот од алчните паразити

Read more

Бен Афлек коментираше за Џеј Ло две години по нивниот развод

Read more

Бизнис

Војна или не, рускиот гас се враќа во Европа?

Read more

Иуте отвори нова flagship експозитура во центарот на Скопје – наместо шалтер, ве пречекува дневна соба

Read more

Кина буши 8 километри длабоко во пустината - таму се кријат лежишта на нафта и гас

Read more

BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите 6 месеци од 2026 година

Read more

Вести

Македонското знаме се развеа во Јужна Кореја!

Читај повеќе

Војна или не, рускиот гас се враќа во Европа?

Читај повеќе

Осуденичката која преживеа обид за погубување во САД се разбудила „збунета и лута“

Читај повеќе
  • filter

Србија се пофали со какво ново оружје и воена технологија располага

Читај повеќе

Трамп: Договор со Иран веќе не е нешто што го сакам

Читај повеќе

Денеска сончево, продолжениот викенд со врнежи од дожд

Читај повеќе

Без струја денеска делови од општините Аеродром, Кисела Вода, Петровец и Илинден 

Читај повеќе

Одземен му е пасошот на вишиот јавен обвинител од Битола

Читај повеќе

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година

Читај повеќе