Рускиот нафтен гигант Лукойл соопшти дека прифатил понуда од глобалниот трговец со енергија Gunvor да го купи сиот негов странски имот. Потегот на втората по големина руска нафтена компанија е директен резултат на санкциите што ги воведе Вашингтон минатата недела, објави Reuters.
Планираната продажба е најзначајниот чекор досега преземен од руска компанија како одговор на западните санкции воведени поради војната во Украина, која започна со руската инвазија во 2022 година.
Лукойл потврди во соопштение дека ја прифатил понудата на Gunvor да ја продаде Lukoil International GmbH, која управува со сите странски средства на нафтениот гигант.
„Клучните услови на трансакцијата беа претходно договорени меѓу страните. Од своја страна, (Лукойл) ја прифати понудата, обврзувајќи се да не преговара со други потенцијални купувачи“, соопшти Лукойл.
Gunvor, во мнозинска сопственост на шведскиот милијардер Торбјерн Тернквист, исто така, потврди дека е во преговори со Лукойл за можна аквизиција.
Министерството за финансии на САД издаде дозвола со која им се дава рок на компаниите до 21 ноември да ги завршат сите трансакции со Лукойл и Роснефть, уште една руска енергетска компанија погодена од нова рунда санкции.
Gunvor се здоби со популарност во 2000-тите како најголем трговец со руска нафта во светот. Меѓу неговите акционери во тоа време беше Генадиј Тимченко, близок соработник на Владимир Путин, кој го продаде својот удел откако САД му воведоа санкции по руската анексија на Крим во 2014 година.
Gunvor оствари значителен профит од порастот на цените на нафтата и гасот по почетокот на војната во Украина и европското свртување кон руските производители на енергија. Овие профити сега ги користат Gunvor и конкурентите како што се Vitol и Trafigura за да стекнат средства, од рафинерии и нафтени полиња до електрани и ветерни фарми.
Лукойл, со седиште во Москва, е одговорен за околу 2% од глобалното производство на нафта. Нејзин најголем странски имот е нафтеното поле Западна Курна-2 во Ирак, едно од најголемите во светот, во кое поседува 75% удел, а чие производство надмина 480.000 барели дневно во април.
Компанијата е, исто така, сопственик на рафинеријата Лукойл Нефтохим Бургас во Бугарија, најголемата на Балканот, и рафинеријата Petrotel во Романија. Покрај тоа, Лукойл испорачува нафта во Унгарија, Словачка и турската рафинерија Star.
Портфолиото вклучува и акции во нафтени терминали, малопродажни синџири за гориво во Европа и бројни проекти во Централна Азија, Африка и Латинска Америка.
Лукойл од септември 2006 година е просутен и на македонскиот пазар