Лукойл прогласи „виша сила“ поради санкциите на САД

Рускиот нафтен гигант Лукойл прогласи „виша сила“ за испораките на нафта од своето огромно поле Западна Курна 2 во Ирак, јасен знак дека санкциите на САД почнуваат сериозно да влијаат врз меѓународниот бизнис на вториот најголем производител на нафта во Русија, објави Reuters.

Пријавувањето на виша сила законски го ослободува Лукойл од договорните обврски, но не значи автоматски целосно запирање на испораките. Сепак, ирачката државна компанија за маркетинг на нафта (SOMO) веќе откажа три товари на Лукойл закажани за товарење во ноември, потврдија извори запознаени со ситуацијата.

Во моментов не е јасно дали нафтата ќе продолжи да се пумпа, но се знае дека Ирак ги замрзна плаќањата кон Лукойл по воведувањето на санкциите. Лукойл поседува 75% од акциите во полето Западна Курна 2, кое произведуваше повеќе од 480.000 барели нафта дневно во април оваа година.

Соединетите Американски Држави воведоа санкции врз Лукойл минатиот месец како дел од напорите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да го зголеми притисокот врз Москва за прекин на војната во Украина. Кратко потоа, Лукойл, најактивната меѓународно нафтена компанија во Русија, објави планови за продажба на своите средства во странство, вклучувајќи ја и Западна Курна 2.

Компанијата ја прифати понудата на групацијата Гунвор, но договорот пропадна по острата реакција од Министерството за финансии на САД, кое го нарече Гунвор „марионета на Кремљ“, што го натера Гунвор да ја повлече својата понуда. Лукойл не одговори веднаш на барањето за коментар.

реклама

Кумот на AI: Ни се заканува колапс на банките и електричната енергија уште годинава

Read more

Зетот на Трамп има визија: Крои нова карта на Европа

Read more

Лекот за мрзливи црева се става во утринското кафе, а ќе ве чини 50 денари месечно

Read more

Како телото ви праќа знаци дека имате покачен холестерол?

Read more

Бизнис

Разводот на извршниот директор на Nvidia би можело да биде најскапиот досега

Read more

Паѓа вредноста на Nvidia по скандалот со аферата на извршниот директор

Read more

Златото повторно ја надмина границата од 4.000 долари за унца, централните банки продолжуваат да ги зголемуваат резервите

Read more

Зошто Американците засилено купуваат германски компании?

Read more

Вести

Пред нас се топли денови, но викендот носи пад на температурите

Читај повеќе

Проф. д-р Никола Јанкуловски избран за нов претседател на Лекарската комора

Читај повеќе

Русија во една база собра 47 бомбардери способни да носат нуклеарно оружје

Читај повеќе

Мицкоски објави документ од 2023: Владата на СДСМ и ДУИ одобрила Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка на Мацура

Читај повеќе

Ќе биде пуштен нов граничен премин со Косово: 200 камиони јаглен дневно ќе одат за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј

Читај повеќе

Кушнер: Утре патуваме во Москва на средба со Путин

Читај повеќе

Прегазена 74-годишна битолчанка

Читај повеќе

Дојави за бомби во 300 училишта низ Италија

Читај повеќе

Паѓа продажбата на станови во Македонија, сè повеќе луѓе одат „под кирија“

Читај повеќе