Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

Стратегии за забрзан економски раст преку болни реформи, значењето на дигиталните политики и иновациите за економија подготвена за иднината, улогата на глобалните економски партнерства, како и иднината на парите, медиумите и дигиталната слобода, се дел од темите на првиот ден од 14-тото издание на Самитот на Македонија2025.

Самитот беше официјално отворен со поздравни обраќања на претседателот на Одборот на директори на Македонија2025, Виктор Мизо, и главната извршна директорка проф. Никица Мојсоска-Блажевски. Тие ја истакнаа долгогодишната визија и мисија на организацијата за градење посилна нација преку економски раст, нулта толеранција за корупцијата, ефикасна јавна администрација, вложувања во образованието, иновации и ангажирање на дијаспората.

„Има прогрес во Македонија, но другите земји растат побрзо од нас. Сакаме пазарна економија, а бараме државен интервенционизам, работниците бараат повисоки плати, но не зборуваат за подобрување на нивните вештини. Лесно е да се обвинуваат соседите, Владата, но сите придонесуваме за тоа колку ќе просперира државата. Оваа Влада почна болни реформи, верувам дека гледа малку подалеку од изборниот циклус“, истакна Мојсоска-Блажески.

На првиот ден од Самитот учествуваше и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој во разговорот со директорката Мојсоска-Блажевски се осврна на досегашните предизвици и резултатите што ги постигна неговата влада. Во фокусот на разговорот беа реформите кои треба да обезбедат подинамичен економски раст на земјата, како и соработката меѓу владата и приватниот сектор.

Самитот продолжи со панел дискусија насловена „Полнолетство – Македонија2025: Каде сме и каде одиме“, модерирана од членот на Одборот на директори, Боријан Борозанов, на која учествуваа основачите на Македонија2025, Мајк Зафировски и Џон Битов, како и членот на Одборот на директори, Живко Мукаетов. Во рамки на дискусијата тие се осврнаа на првичните мотиви за основањето на Македонија2025 и досегашните достигнувања на организацијата, за стратешките приоритети за забрзан развој на земјата, како што се борбата против корупцијата, постигнување на економски раст од над 5% годишно и дигитализација, а ја нагласија и улогата на приватниот сектор и лидерството во трансформација на државата и нивната визија за развојот на земјата до 2030 година.

„Македонија мора да ги трансформира јавните услуги, да вложува во технолошките таленти, но и да ги подготви компаниите за современиот дигитален екосистем преку дигитална трансформација и примена на вештачката интелигенција. Како да се постигне ова ќе биде едно од клучните прашања на кои ќе се обидеме да дадеме одговор токму на Самит“, изјави Кати Ицева, член на Одборот на директори на Македонија2025.

За значењето на дигиталната трансформација на земјата и напорите на Македонија2025 во оваа област зборуваше и Васко Кроневски, член на бордот на директори, кој напомена: „Технологијата станува стратешки ресурс за развојот и ние така мора да го гледаме. Можеме да го постигнеме посакуваниот економски раст и развој на целото општество, доколку ја употребиме технологијата и ги ставиме во функција огромниот број домашни таленти кои сега работат за потребите на други конкурентни економии и го поддржуваат нивниот развој“, истакна Кроневски.

Годинешниот Самит на Македонија2025 е најголем досега и обединува над 700 учесници, вклучувајќи домашни и меѓународни лидери, претприемачи, креатори на политики, меѓународни експерти и претставници на академската заедница и на граѓанскиот сектор.

Првиот ден од Самитот се одвива во атмосфера на амбициозни разговори за реформи, отчетност и конкурентност – втемелени во заедничките вредности и јасната визија за економската иднина на Македонија. Самитот продолжува и утре со дискусии околу значењето на образованието за развојот на државата, за потребата од редефинирање на стратегиите за привлекување странски инвестиции, за улогата на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз трансформацијата на традиционалните индустрии, а ќе стане збор и за улогата на дијаспората во поттикнување на економскиот раст и развој на земјата.

реклама

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Колку треба да пешачите дневно за да ја одржувате тежината?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Бизнис

Кој заработува најмногу пари од војната во Иран?

Read more

SpaceX излегува на берза, се подготвува потег што светот никогаш порано не го видел

Read more

Цените на нафтата паѓаат по објавата на Трамп

Read more

Откажани 2 милиона авио-седишта поради поскапувањето на горивата

Read more
 

Вести

CNN: Путин навестува крај на војната во Украина, зошто сега?

Читај повеќе

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Читај повеќе

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Читај повеќе

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Читај повеќе

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Читај повеќе

Шпанија: Не можеме секое утро да се будиме прашувајќи се што следно ќе направат САД

Читај повеќе

Намалување на цените на горивата, дизелот поевтинува најмногу

Читај повеќе

Како поранешен полски министер избега од Унгарија во САД без пасош?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пентагон ги отвори архивите: Што навистина откриваат документите на Трамп за НЛО?

Читај повеќе