Маск ги објави резултатите од новиот тест за дрога

Илон Маск објави резултати од новиот тест за дрога, овој пат врз основа на анализа на коса, и уште еднаш рече дека обвинувањата за неговата наводна консумација на наркотици се лажни.

„Новинарите од WSJ и New York Times бесрамно лажеа за мене. Ајде сега да ги видиме резултатите од нивниот тест за дрога. Ќе пропаднат“, напиша Маск на социјалната мрежа X, објавувајќи слика од наодите на лабораторијата.

Резултатите покажуваат дека неговиот примерок од коса не покажал траги од ниту една од 17-те тестирани дроги, вклучувајќи кокаин, кетамин, марихуана, MDMA, фентанил и опијати. Наодот е потпишан од д-р Стивен Пашал, лиценциран лекар.

Станува збор за тест спроведен од лабораторијата за тестирање на дрога на Соединетите Американски Држави, а примерокот е земен на 11 јуни.

NYT и WSJ претходно тврдеа дека тој користи дроги

Потсетуваме, New York Times претходно оваа година објави дека Маск наводно земал кетамин, екстази и халуциногени печурки за време на минатогодишната изборна кампања. Статијата се базираше на приватни пораки и интервјуа со повеќе од десетина луѓе кои го познаваат или работеле со него.

Tha Wall Street Journal минатата година објави дека Маск повремено користел дроги во минатото, што предизвика загриженост кај некои членови на одборот на директори на Tesla - неговата компанија за електрични возила. Меѓу споменатите супстанции беше и Ambien, лек за несоница.

Маск претходно јавно призна дека повремено користи мали дози на кетамин за, како што вели, да ги контролира депресивните тенденции и да работи поефикасно.

Тагови
реклама

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Цариниците спречија обид за шверц на златна плочка вредна 4,5 милиони денари скриена во чевел

Read more

Како играчите на Арсенал ја прославија титулата во Премиер лига

Read more

Бизнис

Војната во Иран веќе ги чинеше компаниите 25 милијарди евра: Кој сектор е најпогоден?

Read more

IKEA ќе отпушти 850 работници

Read more

Германски суд пресуди: Milka ги довела потрошувачите во заблуда

Read more

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Илјадници луѓе бегаат од пожарот во Калифорнија, огнот брзо се шири

Читај повеќе

Уапсен 16-годишник: Крадел во џамии во Тетово

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо осуда, Венко Филипче молчи и соработува со негаторите на Македонија

Читај повеќе

СДСМ: Врв на лицемерие и лажење: Во Владата на Мицкоски со бугарски пасоши може, а малцинства во Уставот не може!

Читај повеќе
  • play_arrow

Украина по втор пат за една недела нападна руска рафинерија и хемиска фабрика

Читај повеќе
  • play_arrow

Трамп: Си никогаш не ми кажа дека Путин можеби ќе зажали за инвазијата во Украина

Читај повеќе

Најмалку 19 загинати во израелски напади во Либан

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од Центар, Кисела Вода и Карпош

Читај повеќе

Неколку населби во Ѓорче Петров денеска ќе бидат без вода

Читај повеќе