Одземена дозвола за работа на финансиско друштво

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин биле утврдени сериозни повреди на законски обврски.

МФ информира дека надзорот утврдил грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги.

Поради тежината на утврдените прекршоци и сериозноста на констатираните неправилности, се додава во соопштението, МФ овој месец донесе решение за одземање на дозволата за работа на финансиското друштво.

„Министерството за финансии и во 2026 година продолжува со засилени теренски и вонтеренски контроли над финансиските друштва. Во досегашните надзори се констатирани повеќе неправилности, при што од почетокот на годината па досега се изречени 22 глоби за 16 друштва, како и 23 писмени наредби за отстранување на утврдените неправилности“, се вели во соопштението.

Паралелно со контролите, Министерството подготвува и законски измени со кои дополнително ќе се заострат условите и критериумите за работа на финансиските друштва.

„Целта на законските измени е да се намали ризикот од прекумерно задолжување кај граѓаните, да се обезбеди поголема заштита на потрошувачите и да се зголеми транспарентноста и одговорноста во работењето на финансиските друштва. Министерството за финансии ќе продолжи со интензивни контроли и ќе ги презема сите расположливи мерки согласно закон, со цел заштита на граѓаните и спречување на непочитување на законот“, се додава во соопштението.

реклама

Метеорит што проби покрив на куќа во Њу Џерси би можел да содржи индиции за потеклото на животот

Read more

Зошто повеќето денешни бензинци имаат 1,5 турбо мотор: Не е случајно

Read more

Русија го нападна Суми со 5 бомби, погодена е цивилната инфраструктура

Read more

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Read more

Бизнис

ePaket започнува со работа во Македонија: Пакетомати за брзо, сигурно и 24/7 преземање пратки

Read more

Вештачката интелигенција бркала луѓе од работа во Meta бидејќи зеле боледување или породилно

Read more

Инцидент блокираше писта: Девет авиони над Лондон прогласија вонредна состојба

Read more

„Пукна тиквата“ меѓу Бил Гејтс и Ворен Бафет: Поврзаноста со Епстин ги секна милијардите

Read more

Вести

Црна Гора го укинува безвизниот режим за Русите

Читај повеќе

Русија го нападна Суми со 5 бомби, погодена е цивилната инфраструктура

Читај повеќе

Делови од Горно Соње и Бардовци денеска без струја

Читај повеќе

Ќе нема вода во дел од Ченто

Читај повеќе

Температурите денеска до 39 степени, попладне дожд и грмежи

Читај повеќе

Трамп драстично го намалува времето што странските студенти и новинари можат да го поминат во САД

Читај повеќе

Времето утре сончево и топло, попладне локален дожд и грмежи

Читај повеќе

Кремљ: Тешкотиите во руската економија не се критични

Читај повеќе

Пресуда за уривањето на мостот во Џенова при што загинаа 43 лица

Читај повеќе