Претседателот на BALFIN Group единствен претприемач од регионот на FII PRIORITY Europe Summit

Самир Мане, единствениот претприемач од регионот кој учествуваше на дискусионите панели на глобалниот FII PRIORITY Europe Summit што се одржа во Тирана.

Албанската престолнина беше домаќин на еден од најпрестижните меѓународни форуми во светот — FII PRIORITY Europe Summit, кој за прв пат се одржа во Тирана на 16–17 мај 2025 година. Овој самит ги обединува светските лидери од владите, бизнис-секторот, науката, технологијата и филантропијата, со цел да се дискутираат глобалните приоритети што ја обликуваат иднината во клучен момент за човештвото. Главната тема на ова европско издание на FII PRIORITY беше: „Приоретизирање за поодржлива, поправедна и попросперитетна иднина“.

Самир Мане, претседател на BALFIN Group, беше единствениот официјален претставник од Албанија поканет да учествува на дискусионите панели заедно со некои од највлијателните личности од светот. Тој учествуваше на главниот панел со наслов „Board of Changemakers: Може ли капиталот да го поврзе расцепканиот свет?“, каде што ја делеше сцената со меѓународни лидери од политиката и финансиите.

За време на самитот, г. Мане одржа средби и размени мислења со високи личности како Матео Ренци, поранешен премиер на Италија, Бернард Менсах, претседател на Bank of America International, Анри Пупар-Лафарж, извршен директор на Alstom, меѓу другите.

Неговото учество на самитот како глас на регионалниот бизнис го истакнува и неговото лично лидерство, и сè поголемата улога на Западен Балкан во обликувањето на идниот развој на Европа и пошироко.

FII PRIORITY Europe Summit е дел од серија глобални форуми кои промовираат меѓусекторски дијалог и поттикнуваат конкретна акција за справување со најгорливите предизвици на денешницата, вклучително и климатските промени, одржливиот развој и технолошката трансформација.

реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Бизнис

Лоши вести за Temu и Shein: ЕУ почнува со мерки против евтините кинески стоки

Read more

Лукойл панично распродава – кој (не) сака да ги купи рафинериите?

Read more

Американските компании заработиле милијарди долари за време на израелската инвазија на Газа

Read more

Голема промена на летовите на Ryanair, грешката ќе ве чини скапо

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

Читај повеќе
  • filter

Орбан почна „антивоена турнеја“, се подготвува за избори во 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Убиство на градоначалник предизвика насилни немири во Мексико

Читај повеќе

Јужна Кореја гради флота од нуклеарни подморници со помош на САД

Читај повеќе

Денеска сончево, од утре голема промена на времето

Читај повеќе

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Читај повеќе

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Читај повеќе