Shein и Temu под истрага по скандалот со секс кукли што личат на деца

Француските власти почнаа истрага против гигантите за онлајн купување Shein, Temu, AliExpress и Wish под сомнение дека им овозможуваат на малолетници пристап до порнографска содржина на нивните платформи, потврди парискиот обвинител во вторник. Случајот излезе на виделина по скандалот со продажба на секс кукли што личт на деца, објави BBC.

Истрагата беше започната откако националната агенција за заштита на потрошувачите пријави четири компании кај обвинителите во неделата, изразувајќи загриженост за сомнителни производи откриени на платформата Shein.

Канцеларијата на парискиот обвинител изјави за BBC дека платформите се истражуваат за „насилни, порнографски или непристојни пораки“ до кои малолетниците би можеле да пристапат. Shein и AliExpress се исто така истражувани за дистрибуција на порнографска содржина поврзана со деца, додаде канцеларијата.

Случаите се упатени до Париската канцеларија за малолетници (Office des Mineurs), специјализиран оддел на француската полиција одговорен за заштита на малолетници.

AliExpress изјави дека ја сфаќа ситуацијата многу сериозно и дека навредливите огласи, кои ги кршат нејзините правила, се отстранети веднаш штом биле запознаени со нив. „Продавачите за кои ќе се утврди дека ги кршат или се обидуваат да ги заобиколат овие барања ќе бидат казнети во согласност со нашите правила“, се вели во соопштението.

Сингапурскиот трговец на мало Shein објави во понеделник дека ја забранил продажбата на сите секс кукли на својата платформа низ целиот свет. Компанијата, исто така, изјави дека трајно ќе ги блокира сите продажни сметки поврзани со нелегалната продажба на кукли слични на деца и ќе воведе построги контроли.

Temu и Wish исто така беа контактирани за коментар.

Француската агенција за заштита на потрошувачите, Генералниот директорат за конкуренција, потрошувачки прашања и контрола на измами, соопшти дека описот и категоризацијата на секс куклите оставаат „малку сомнеж дека се работи за детска порнографија“ кај овие производи.

Истрагата доаѓа во чувствително време за Shein, кој, и покрај контроверзиите, се подготвува да ја отвори својата прва постојана продавница во Франција денеска. Демонстрантите веќе се собраа пред париската стоковна куќа каде што треба да се отвори продавницата. Shein исто така планира да отвори продавници во други француски градови, вклучувајќи ги Дижон, Ремс и Анже.

Тагови
реклама

Студени утра и магла викендов, од следната недела можност за дожд

Read more
Министерoт Тaрaвaри испрaтил ненaјaвенa инспекцијa нa Гинекoлoгијa

Министерoт Тaрaвaри испрaтил ненaјaвенa инспекцијa нa Гинекoлoгијa

Read more
Канческа-Милевска на суд за тендерите за изградба на Музејот на ВМРО

Канческа-Милевска на суд за тендерите за изградба на Музејот на ВМРО

Read more
„The Mule“ трејлер: Клинт Иствуд е 87-годишен дилер на дрога

„The Mule“ трејлер: Клинт Иствуд е 87-годишен дилер на дрога

Read more

Бизнис

Зошто Американците засилено купуваат германски компании?

Read more

Годишната инфлација во Еврозоната се искачи на 4% во октомври

Read more

Акциите на Tesla и SpaceX паѓаат по победата на демократите на изборите

Read more

Apple повеќе не е највредната компанија во светот

Read more

Вести

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Читај повеќе

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Читај повеќе

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Читај повеќе

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Читај повеќе

Уапсени осум полицајци за смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на обвинет за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Читај повеќе