44 акциски контроли за санкционирање незаконит риболов во јуни и јули во водите на Охридското Езеро: 2 приведени, запленети 702 парчиња риба

Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ - Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското Езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривичното дело Незаконит риболов и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело, извести СВР Охрид.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

„Притоа, при вршење на кривичното дело Незаконит риболов, полициските службеници затекнаа две лица, едното од охридското село Пештани, а другото од Струга, ги приведоа во полициската станица и против нив се поднесени соодветни пријави.

Во текот на акциските контроли, пронајдени се вкупно 25 т.н. висечки рибарски мрежи со должина од 4 километри и 900 метри кои се најстрого забранети за лов на риба и вкупен улов од 702 парчиња риба охридска белвица, односно вкупно 97,1 килограми. Полициската станица за граничен надзор 'Охридско Езеро' и во текот на наредниот период ќе врши акциски контроли по овој основ, како и по одредбите од Законот за внатрешна пловидба“, соопшти СВР Охрид.

реклама

Зошто Велика Британија се откажа од брод со злато вредно 5,5 милијарди фунти?

Read more

Прогласена епидемија на западнонилска треска во 5 општини и неколку населби во Скопје, еден пациент почина

Read more

Комплетирани сите двојки за плејоф квалификациите за ЛШ

Read more

Пет знаци може да укажуваат дека не внесувате доволно протеини

Read more

Хроника

Од водите на Преспанското Езеро извлечено телото на скопјанец

Read more

За два дена 1.322 казни, уапсени 32 возачи

Read more

Возач удрил во малолетник со тротинет и избегал, детето со тешки повреди пренесено во болница

Read more

Во Идризово стигнале 32 пакувања марихуана, во пратка за затвореник

Read more

Вести

Од водите на Преспанското Езеро извлечено телото на скопјанец

Читај повеќе

Фон дер Лајен најави 2 милиони евра помош за Колумбија по земјотресот

Читај повеќе

Politico: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

Читај повеќе

Прогласена епидемија на западнонилска треска во 5 општини и неколку населби во Скопје, еден пациент почина

Читај повеќе

Завршува топлотниот бран: Од утре локално невреме и пад на температурите

Читај повеќе

Путин се заканува дека ќе заплени европски бродови поради санкциите: Ќе возвратиме со иста мера

Читај повеќе

Млада Мароканка се удавила пливајќи кон Шпанија не знаејќи дека ѝ била издадена виза

Читај повеќе

За два дена 1.322 казни, уапсени 32 возачи

Читај повеќе

Левица бара распишување локален референдум за ДУП-от за Барутана за градбите на Водно

Читај повеќе