Два случаја на семејно насилство во Скопје: Едниот напаѓач ја давел сопругата до бессознание, другиот ја тепал со боксови

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за семејно насилство. Едниот случај е во Ѓорче Петров, каде осомничениот ја тепал и ја давел вонбрачната партнерка по што таа паднала во несвест, а другиот случај е во Мирковци каде осомничениот ја тепал поранешната сопруга со тупаници.

На 25 септември, во семејниот дом во Ѓорче Петров, при вршење семејно насилство, осомничениот телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка. Физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја со тупаници, шлаканици и клоци во пределот на главата и целото тело, па во еден момент почнал да ја дави. Оштетената изгубила свест и ѝ биле нанесени повеќе телесни повреди.

Против друг осомничен поведена е постапка за истото кривично дело, бидејќи вршел семејно насилство на 1 октомври во селото Мирковци, каде телесно ја повредил неговата поранешна брачна партнерка. Откако дошол во домот и ја известил поранешната сопруга дека решил да остане таму, таа го замолила да си замине. Но, тој одбил, по што почнал физички да ја напаѓа, влечејќи и тегнејќи ја за рацете, удирајќи и тупаници, од кои удари оштетената се здобила со повреди.

Во двата случаја јавниот обвинител предложи на судијата на претходна постапка да определи мерка притвор за осомничените, поради околности кои укажуваат на опасност од бегство.

реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Што се случува со црниот дроб кога пиете кафе секој ден?

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Хроника

Уапсен 26-годишен скопјанец за уцена, при апсењето повредил полицајка

Read more

Малолетник со месеци принудувал 12-годишно девојче да му праќа голи снимки

Read more

Скопјанец нашол рачна бомба додека го чистел дворот

Read more

Уапсен возачот кој вчера во Скопје удри во 13-годишен велосипедист

Read more
 

Вести

Ердоган: Нема мир на Блискиот Исток додека не престанат израелските провокации

Читај повеќе

Уапсен 26-годишен скопјанец за уцена, при апсењето повредил полицајка

Читај повеќе

Малолетник со месеци принудувал 12-годишно девојче да му праќа голи снимки

Читај повеќе

Поради врнежи, дневната програма на „Виноскоп“ е одложена за утре

Читај повеќе

Емиратите неуспешно се обидоа да ги убедат Саудиска Арабија и Катар заедно да го нападнат Иран

Читај повеќе

Уапсен шефот на белградската полиција и поранешен советник на Вучиќ

Читај повеќе

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Украина собори 269 дронови во новиот масовен напад на Русија

Читај повеќе

Подгорица ја осуди изјавата на Вучиќ за годишнината од црногорската независност

Читај повеќе