Полицијата уапси две лица поради сомнение дека вчера предизвикале пожар во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А. (34) и И.Х. (39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност.
Тие се осомничени дека истиот ден околу 16:00 часот предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“, кај Рампа, при што еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни возила биле оштетени.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.