Двајца вработени во штипскиот универзитет осомничени за компјутерска измама тешка 21.000 евра

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против две лица поради сомненија дека како соизвршители сториле кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Компјутерска измама според член 251-б став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Пријавените, во својство на службени лица, вработени во Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ја искористиле службената положба со што прибавиле за себе поголема материјална корист.

Во периодот од 2021 до 2026 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени должности и овластувања, второосомничената, вработена како референт за студентски прашања на еден од факултетите, по добиени насоки од првиот осомничен раководител на Секторот за „Е-Индекс“, внесувала во информатичкиот систем на Универзитетот невистинити податоци. Со незаконити дејствија на менување, бришење или прикривање на податоците во базата за електронски индекс пријавените предизвикувале невистинити резултати при електронската обработка и преносот на податоците, а за сметка на тоа се стекнувале со материјална корист која во моментов се проценува на 21.000 евра.

Јавниот обвинител до судијата на претходна достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

реклама

Хроника

Осуммина уапсени за безобѕирно возење, меѓу нив и возач што возел во спротивна насока со забрана

Read more

Мајка уапсена во Идризово, му носела марихуана на синот затвореник

Read more

Маж пронајден починат на улица во Гостивар, телото дадено на обдукција

Read more

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Read more

Вести

Бака Прасе лажирал дека е уапсен, се соочува со кривична за предизвикување паника

Читај повеќе

Протекоа податоци од Росстат: Речиси половина милион руски војници загинале во Украина

Читај повеќе

Левица поднесе тужба до Управниот суд за студентскиот оброк

Читај повеќе

Бени Шаќири замина од МКЦ, ама останува во екипата на Орце Ѓорѓиевски

Читај повеќе

ЛДП: За 48 часа собрани над 10.000 потписи за итно воведување електронски нараквици

Читај повеќе

Паѓа вредноста на Nvidia по скандалот со аферата на извршниот директор

Читај повеќе

Орбан по апсењето на брат му: Јас сум целта, тој е само пион

Читај повеќе

Кремљ: За крај на војната во Украина ќе разговараме без Европејците

Читај повеќе

АХВ ги прифати барањата на ветеринарите по денешниот протест

Читај повеќе