Едно лице задржано во полиција по трагедијата во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога при пад од висококатница починаа мајка и дете.

Едно лице е задржано во полициска станица и по наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност.

Обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и во текот на денот ќе се врши детален претрес на станот, кој веднаш по увидот е запечатен и обезбеден. Според првичните сознанија, во моментот на настанот, починатата и малолетното девојче биле сами во станот, заклучени од внатрешната страна.

Денеска по наредба на јавниот обвинител се вршат распити на повеќе лица кои имаат определени сознанија, се врши екстракција на податоци од мобилни телефони и се обезбедуваат снимки од видеонадзор и други снимки од неколку локации.

Во текот на вчерашниот ден беше наредена и обдукција на починатите.

Во однос на претходното постапување, јавниот обвинител побара детално известување од МВР и од Центарот за социјални работи со сите евентуални претходни пријави и поплаки од оштетената, а ќе нареди и внатрешната контрола на МВР да го испита постапувањето по тие пријави.

реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Смрдливките во овој период од годината влегуваат во домовите: Како да се ослободите од нив?

Read more

Хроника

Ученици од Скопје нападнати во Охрид

Read more

Полицаец фалсификувал потврди за дарување крв за да не оди на работа

Read more

Уапсен Црногорец, возел со 185 каде што е дозволено 100км/час

Read more

Бугарско МВР: Имаме право да одбиеме екстрадиција за Ива Михаилова

Read more

Вести

Kyiv Independent: Да ги кажеме работите со вистинското име, Трамп ѝ помага на Русија да победи

Читај повеќе

Решение за најнеобичната граница во светот: Азербејџан и Ерменија би можеле да разменат територии

Читај повеќе

Левица: Македонија треба да преговара со институциите на ЕУ, а не да прифаќа билатерални уцени

Читај повеќе

Може ли Софија да го блокира македонскиот јазик во ЕУ? Милошоски предупредува, според СДСМ нема ризик

Читај повеќе

Утре дожд и засилен северен ветер, на планините се очекува и снег

Читај повеќе

Маск: И така, масакрот продолжува, време е Зеленски да си оди

Читај повеќе
  • play_arrow

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Читај повеќе

Чуварите на времето по историска одлука во Версај: Засекогаш се менува начинот на кој го сметаме времето?

Читај повеќе

Град Скопје: Новиот Луна парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, согласно ветениот рок

Читај повеќе