Фатен пијан крадец на Golf во Неготино, возачот излетал од патот

Дваесет и осумгодишен жител на Неготино бил лишен од слобода откако украл автомобил од свој сограѓанин, а потоа, возејќи под дејство на алкохол излетал од коловозот на локалниот пат кон селото Курија.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 20 април 2025 година околу 4:20 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го уапсиле С.Д. (28), кој неовластено присвоил патничко возило Volkswagen Golf со неготински регистарски таблици.

Возилото било сопственост на Л.И. (28) од Неготино и според пријавата, било паркирано пред неговиот дом кога С.Д. го одзел и се упатил кон селото Курија. Натаму изгубил контрола и излетал од патот.

„При извршените проверки било утврдено дека возачот имал 0,72 промили алкохол во крвта“, велат од полицијата.

С.Д. бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Нова студија нуди ефикасен метод за слабеење без гладување

Read more

Хроника

Жена од Кичево физички нападната од сопругот и синот

Read more

Пушки, пиштол и муниција пронајдени во Демирхисарско

Read more

Скопјанец нападнат во Аеродром поради недоразбирање во сообраќајот

Read more

Кривична за тетовци што учествувале во борби со кучиња

Read more
 

Вести

Турција воведува казни за патниците кои пребрзо се упатуваат кон излезот по слетувањето

Читај повеќе

Трамп: Можеби ќе одам во Истанбул ако има напредок во разговорите денес

Читај повеќе

Повеќе од 40 мртви во ноќните напади врз Газа

Читај повеќе

Анализа: Зеленски сака да го разоткрие Путин - ја игра неговата игра, но дали ќе успее

Читај повеќе

МВР апелира: На матурска прослава без автомобил, без консумирање алкохол

Читај повеќе

Трамп го откажа учеството на преговорите по објавата дека Путин нема да присуствува

Читај повеќе

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Читај повеќе

Без вода денеска дел од Карпош

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд

Читај повеќе