Фатени шверцери на луксузни автомобили, ОЈО Скопје бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица за кривични дела Криумчарење и Фалсификување исправи.

Како што се наведува во соопштението од ЈОРМ, станува збор за осомничени кои се дел од претходно разоткриената шема на дејствија за криумчарење луксузни автомобили од странство преку фалсификување службени и други исправи. Дел од учесниците во оваа шема се претходно обвинети, против дел се веќе изречени пресуди, а за дел, се посочува, кривичниот прогон е препуштен на Република Бугарија, бидејќи станува збор за тамошни државјани.

„Со акцијата реализирана вчера под координација на јавен обвинител, се обезбедија докази кои даваат основано сомнение дека првиот новоосомничен,  во март 2022 година, преку граничниот премин Деве Баир, поттикнал и организирал криумчарење на автомобил Toyota CHR, вреден 22.500 евра, кој бил предмет на меѓународна потрага. Притоа искористил лажни таблички и лажни исправи кои му биле изготвени од лице кое сега е веќе осудено, па го регистрирал и извадил сообраќајна дозвола за возилото. Втората осомничена, во август 2021 година поттикнала двајца бугарски државјани да извршат криумчарење на Lexus НХ300Х, вреден 15.000 евра кој исто така бил предмет на меѓународна потрага. Автомобилот го презела осомничената со фиктивен договор за купопродажба, а потоа со лажни бугарски таблички и лажни исправи извадил сообраќајна дозвола во земјава“, наведуваат од Обвинителството.

Третиот осомничен, се додава, е управител на правно лице, кој за потребите на фирмата, на сличен начин, избегнувајќи ја царинската контрола, во државава од Бугарија внел автомобил Land Rover – Range Rover Evoque, вреден 17.340 евра, со преправен број на шасија, а потоа со целосно лажни документи извадил сообраќајна дозвола за возилото.

Под сомненија за кривично дело – Фалсификување службена исправа постапка е поведена и против две службени лица кои во времето на извршување на дејствијата биле вработени во управните служби на МВР и за кои постојат сомненија дека ги изготвиле и ги издале сообраќајните дозволи.

За тројцата осомничени за криумчарење надлежниот јавен обвинител до судот поднесе предлог за определување мерка притвор. За едниот од нив кој во моментов е надвор од државата, ќе биде предложена притворска мерка која ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, се наведува во соопштението.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Како кората од портокал може да го забрза растот и цветањето на цвеќињата?

Read more

Русија среде ОН ѝ се закани на Литванија: Членството во НАТО нема да ве спаси

Read more

Хроника

Пријава за малтретирање против скопски полицајци од интервентна

Read more

Нападнат средношколец во Аеродром, подолго време го вознемирувале во училиште

Read more

Инцидент во скопско казино: Расправија заврши со напад врз обезбедувањето

Read more

Уапсен 16-годишник: Крадел во џамии во Тетово

Read more
 

Вести

Црна Гора со Рики Мартин и Дино Мерлин ќе прослави 20 години независност

Читај повеќе

Филипче: Го повикувам Мицкоски заедно да ги донесеме уставните измени

Читај повеќе

Мерц предлага: Западен Балкан како набљудувач во ЕУ, Украина како придружна членка без право на глас

Читај повеќе

Албанските студенти најавија протест во Тирана за поддршка на студентите од Македонија

Читај повеќе

Силен земјотрес го погоди подрачјето на Неапол: Затворени училиштата

Читај повеќе

Трамп: САД ја ослободуваат Куба, нема да има ескалација

Читај повеќе

Дрвјата ублажуваат речиси половина од урбаното затоплување, но не таму каде што е најпотребно

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија среде ОН ѝ се закани на Литванија: Членството во НАТО нема да ве спаси

Читај повеќе

Украина уништи руски центар за беспилотни летала во Донецк

Читај повеќе