Исценирале сообраќајка во Тетово за да земат пари од осигурување: Безбеден град ги фатил на снимка

Полицијата уапси две лица поради сомнение за сторено кривично дело Осигурителна измама.

Според информациите на МВР, вчера во 21:55 часот во СВР Тетово, С.А. (44) од с. Џепчиште пријави случена сообраќајна несреќа на крстосницата од ул. „135“ и ул. „Саво Тасевски“ во Тетово, каде наводно четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ш.А. (45) од село Јажинце, излетал од коловозот и се превртел.

По преземени мерки полициски службеници извршиле проверка на видеозаписите од безбедносните камери на системот Безбеден град при што било констатирано дека четирициклот не учествувал во сообраќајна несреќа, туку бил донесен на местото со возило на влечна служба, растоварен и потоа намерно превртен од страна на неколку лица на тротоарот со цел да се фингира сообраќајна незгода.

Во координација и по насоки со Обвинителството во Тетово, четирициклот е одземен со потврда и задржан за понатамошна постапка. Околу 23:50 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода возачот Ш.А. и пријавителот С.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Осигурителна измама.

Осомничените се задржани во полициска станица Тетово за понатамошна постапка, по што ќе следи соодветен поднесок.

реклама

Хроника

Вработен во банка во Гевгелија украл околу 5 милиони денари и над 63.000 евра од сметки на корисници

Read more

Автобус на ЈСП се запалил во движење: Возачот го изгаснал пожарот

Read more

Ограбена обложувалница во Аеродром

Read more

За една ноќ казнети 63 возачи за возење под дејство на алкохол, 8 уапсени

Read more

Вести

  • play_arrow

Како сцена од филм: Унгарци снимале како минуваат низ страшниот пожар кај Омиш

Читај повеќе

Сојузот на борци од Тетово бара со закон да се забрани именувањето улици во чест на фашисти

Читај повеќе

Утре времето ќе биде сончево и многу топло

Читај повеќе

Гужва на Табановце: Странци чекаат ред за да платат казни снимени од Безбеден град

Читај повеќе

Лажни пораки наводно испратени од Безбеден град стигнуваат до граѓаните, МВР со апел како да ги препознаете

Читај повеќе

Сестрата на Ким Џонг Ун му одговори на Зеленски: Неговите тврдења се неосновани

Читај повеќе

УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување и опрема за рекреација на вода имаат обврска да платат данок на личен доход

Читај повеќе

ЈСП пушти нова линија, ќе вози од Радишани до Карпош 3

Читај повеќе

Топењето на глечер откри морничава тајна стара 34 години: Пронајдени двајца исчезнати алпинисти

Читај повеќе