Лихварска шема во Гостивар: Заем од 35.000 евра со камата од 15.000 за една година, па по 3.000 евра месечно

Против две лица, меѓу кои еден нотар од Гостивар и една фирма, тетовската полиција поднесе кривични пријави поради сомнение за низа тешки кривични дела, меѓу кои лихварство, фалсификување и злоупотреба на лични податоци.

Главниот осомничен е Т.В. (39) од селото Неготино, Гостиварско, кој од 2022 година до моментот на пријавувањето, ја искористувал тешката материјална состојба на едно лице од Гостивар и во повеќе наврати му позајмувал пари со екстремно високи камати. За заем од 35.000 евра, побарал 15.000 евра камата за една година, а потоа, месечно, дополнително по 3.000 евра камата.

Кога оштетениот не можел да ги врати парите, Т.В. со присила и закани го натерал да потпише договор за купопродажба на недвижен имот, заверен кај нотар.

Истиот осомничен, на 27 септември 2023, изготвил и фалсификуван договор за купопродажба на моторно возило кај нотар, во време кога оштетениот бил надвор од државата.

Кривична пријава доби и второосомничениот Ј.Д. (48) од село Добри Дол, кој во својство на овластено лице во нотарската канцеларија во Гостивар, без присуство на оштетениот, на истиот датум заверил договор за купопродажба на возило вредно 1.000 евра на име на И.А. од Гостивар. Од МВР појаснуваат дека без согласност на оштетениот, прибрал, обработувал и користел негови лични податоци и заверил лажен договор.

Истрагата се води за кривични дела: „лихварство“, „употреба на исправа со невистинита содржина“, „фалсификување на исправа“, „злоупотреба на лични податоци“ и „несовесно вршење на службата“.

Тагови
реклама

Хроника

Уапсен 26-годишен скопјанец за уцена, при апсењето повредил полицајка

Read more

Малолетник со месеци принудувал 12-годишно девојче да му праќа голи снимки

Read more

Скопјанец нашол рачна бомба додека го чистел дворот

Read more

Уапсен возачот кој вчера во Скопје удри во 13-годишен велосипедист

Read more
 

Вести

Ердоган: Нема мир на Блискиот Исток додека не престанат израелските провокации

Читај повеќе

Уапсен 26-годишен скопјанец за уцена, при апсењето повредил полицајка

Читај повеќе

Малолетник со месеци принудувал 12-годишно девојче да му праќа голи снимки

Читај повеќе

Поради врнежи, дневната програма на „Виноскоп“ е одложена за утре

Читај повеќе

Емиратите неуспешно се обидоа да ги убедат Саудиска Арабија и Катар заедно да го нападнат Иран

Читај повеќе

Уапсен шефот на белградската полиција и поранешен советник на Вучиќ

Читај повеќе

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Украина собори 269 дронови во новиот масовен напад на Русија

Читај повеќе

Подгорица ја осуди изјавата на Вучиќ за годишнината од црногорската независност

Читај повеќе