МВР со детали: 21-годишното момче што беше најдено мртво во Богданци било пријавувано за насилство врз девојка му

Дваесет и едногодишниот В.Г. кој беше пронајден мртов покрај запален автомобил кај Богданци бил пријавен во полиција за насилство информираа од МВР. Во полиција го пријавил таткото на неговата 17-годишна девојка.

Претходно, на 1 октомври во 1:30 часот од страна на Џ.К.(46) во Гевгелија е пријавено дека на 30.09.2026 околу 21:00 часот по претходна вербална расправија помеѓу неговата 17-годишна ќерка и В.Г.(21) кои биле во љубовна врска, во семејната куќа на В.Г. во Богданци, физички ја нападнал неговата малолетна ќерка и ѝ упатувал закани по живот, доколку си замине од куќата.

В.Г. ѝ го оштетил мобилниот телефон со цел да не може да повика полиција. Во даден момент, малолетничката успеала преку прозорецот да избега од куќата, при што ѝ била пружена помош од случајни минувачи кои повикале полиција и истата била пренесена во Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија.

За настанот бил известен Јавен обвинител и составен бил Записник за примање на пријава за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од Кривичниот законик. Од страна на полициски службеници на 01 октомври, В.Г.(21) бил уапсен и извршен бил службен разговор. На 14 октомври, против него била поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Телото на В.Г. беше пронајдено вчера во Богданци покрај запален автомобил. Во автомобилот е пронајдено уште едно тело, засега неидентификувано. Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство.
 

реклама

Грешиме уште на почетокот на денот: Кога е најдобро време за појадок?

Read more

5 видови храна кои делуваат како мелем за замастен црн дроб

Read more

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 ноември 

Read more

Друга верзија: Суви полнети пиперки

Read more

Хроника

Осуммина уапсени за безобѕирно возење, меѓу нив и возач што возел во спротивна насока со забрана

Read more

Мајка уапсена во Идризово, му носела марихуана на синот затвореник

Read more

Маж пронајден починат на улица во Гостивар, телото дадено на обдукција

Read more

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Read more

Вести

Бака Прасе лажирал дека е уапсен, се соочува со кривична за предизвикување паника

Читај повеќе

Протекоа податоци од Росстат: Речиси половина милион руски војници загинале во Украина

Читај повеќе

Левица поднесе тужба до Управниот суд за студентскиот оброк

Читај повеќе

Бени Шаќири замина од МКЦ, ама останува во екипата на Орце Ѓорѓиевски

Читај повеќе

ЛДП: За 48 часа собрани над 10.000 потписи за итно воведување електронски нараквици

Читај повеќе

Паѓа вредноста на Nvidia по скандалот со аферата на извршниот директор

Читај повеќе

Орбан по апсењето на брат му: Јас сум целта, тој е само пион

Читај повеќе

Кремљ: За крај на војната во Украина ќе разговараме без Европејците

Читај повеќе

АХВ ги прифати барањата на ветеринарите по денешниот протест

Читај повеќе