Два маркетa се ограбени во текот на вчерашниот ден во Чаир и Бит-пазар.
Според информациите на МВР, вчера во 21:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во маркет на подрачјето на Чаир, едно лице со закана со остар предмет кон вработената одзело пари од дневниот промет.
Малку подоцна, во 21:59 часот во СВР Скопје е пријавено дека во маркет на подрачјето на Бит-пазар, едно лице со закана со остар предмет кон вработената одзело пари од дневниот промет.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.