Откриена група што организирала нелегални игри на среќа во Скопје

Вчеравечер и во текот на ноќта, под раководство на јавен обвинител, беше реализирана акција која е резултат на неколкумесечна предистражна постапка поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела поврзани со перење пари и неовластено приредување игри на среќа.

Полициски службеници извршија претреси на повеќе локации на подрачјето на Скопје и околината, при што беа пронајдени поголемо количество реквизити за играње на игри на среќа (карти, чипови, професионални маси за покер и друга опрема) и значителен износ парични средства во денари и евра. На една од локациите беа затекнати и 14 лица кои во моментот играле игри на среќа.

Постапувајќи по кривичните пријави, јавниот обвинител донесе наредби за спроведување на две истражни постапки со кои се опфатени вкупно осум лица.

„Во првата истражна постапка се опфатени шест лица за кои постои основано сомнение дека тие и други НН лица создале група која континуирано и координирано организирала недозволено приредување игри на среќа без поседување лиценца или одобрение од надлежен орган согласно Законот за игрите на среќа и забавните игри. Групата, од февруари годинава до вчера, со цел стекнување несразмерна имотна корист, организирала игри на среќа на три локации во Скопје. Осомничените обезбедувале играчи и договарале термини за игра на омаха, покер, круг и брич. Игрите се одржувале во точно определени денови, со утврден број играчи и со однапред договорени правила и влогови. Групата поседувала каса за уплата и исплата на играчите и за покривање трошоци за клубот, ангажирале лица за средување на масите, како и лица–играчи кои за надомест ги делеле картите“, соопшти Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Со овие дејствија осомничените сториле две кривични дела Злосторничко здружување и Приредување игри на среќа без лиценца или дозвола.

Во втората истражна постапка е опфатен еден од осомничените од првата постапка, како и уште две други лица. Тие се сомничат дека се стекнале со противправна имотна корист во износ од 7.583.784 денари, која ја пуштиле во оптек преку примање и преземање парични средства прибавени со кривично дело Лихварство. Средствата ги внесувале во готово на свои сметки, примале пари од сметки на трети лица и ги употребувале за купување недвижен имот, за плаќање обврски по кредит за недвижен имот, како и за водење на луксузен начин на живот.

Ценејќи дека се исполнети условите за определување мерка притвор, јавниот обвинител ќе предложи до судијата на претходна постапка определување на мерка ефективен притвор за седуммина осомничени и мерка куќен притвор за осомничената.​

реклама

Хроника

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Read more

Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец

Read more

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Read more

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Read more
 

Вести

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Читај повеќе

Венецуелката Мачадо му ја додели Нобеловата награда за мир на Трамп

Читај повеќе

Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец

Читај повеќе

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Читај повеќе
  • play_arrow

Пратеничка ја удри струја во хрватскиот парламент

Читај повеќе

Сведоштво од Иран: Војна е, нè убиваат затоа што немаат место во затворите

Читај повеќе

Нови израелски напади врз Газа: Убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Читај повеќе

Институт за медицина на трудот: Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести

Читај повеќе

Во Центар кај ЈБТ денеска ќе нема вода

Читај повеќе