Предложен притвор за Британец, фрлал камења кон инспектори во Куклица

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице за спречување службено лице во вршење службено дејствие.

На 16 јули, на локалитетот Камени Кукли во селото Куклица, Кратовско, осомничениот 41-годишен британски државјанин го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои вршеле службени дејствија на контрола во однос на претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност.

Тој фрлал со камења кон контролорите и нивното службено возило, поради што тие го напуштиле локалитетот и биле спречени да го извршат службеното дејствие.

Ценејќи ги сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Од МВР информираа дека вчера во 12:29 часот полициски службеници од ОВР Кратово го уапсиле А.М.Б. (41) од Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

„Тој во комплексот Куклица, Кратовско, спречувал инспектори од Управата за јавни приходи, кои извршувале службени дејствија. А.М.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.

Тагови
реклама

Макарони во рерна на грчки начин

Read more

Прогласена епидемија на западнонилска треска во 5 општини и неколку населби во Скопје, еден пациент почина

Read more

Младата Месечина во Лав на 12 август носи среќа за 3 хороскопски знаци 

Read more

Зошто Велика Британија се откажа од брод со злато вредно 5,5 милијарди фунти?

Read more

Хроника

Од водите на Преспанското Езеро извлечено телото на скопјанец

Read more

За два дена 1.322 казни, уапсени 32 возачи

Read more

Возач удрил во малолетник со тротинет и избегал, детето со тешки повреди пренесено во болница

Read more

Во Идризово стигнале 32 пакувања марихуана, во пратка за затвореник

Read more

Вести

Тајните служби во Германија добиваат поголеми овластувања

Читај повеќе

НАТО по инцидентите во Полска и Романија: Неодговорен чин на Русија

Читај повеќе

Додека Трамп се заканува, договор се крчка во позадина: САД и Иран блиску до решение за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Утре високи температури, пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Дел од Центар утре без вода 

Читај повеќе
  • play_arrow

Оле, дај една чаша вода од чешма!

Читај повеќе

Спајиќ до Вучиќ: Испраќате една порака до Москва, а друга до Европа

Читај повеќе

Сите купуваат храна за носење неразмислувајќи за амбалажата: Воведени се строги правила за тие пакувања

Читај повеќе

МакеДокс - фестивал на кој не се доаѓа само за да се гледаат филмови

Читај повеќе