Пријава за професор и потпретседател на Стоматолошката комора за примање поткуп од студенка

Полицијата поднесе кривична пријава против професор на Стоматолошкиот факултет кој е и потпретседател на Стоматолошката комора и против претседателот на Комисијата за полагање на стручен испит на здравствени работници со високо образование од областа на стоматологијата при Министерството за здравство за примање поткуп.

Според информациите на МВР, тие примиле пари од студентка за да се стекне со Уверение за положен стручен испит во областа на стоматологијата.

„На 27 јули Единицата за финансиски криминал поднесе кривична пријава против три лица. А.Т. (27) од Битола заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Давање награда за противзаконито влијание, С.Ч. (56) од Гостивар за Примање награда за противзаконито влијание и С.Е. (63) од Скопје за Примање поткуп. Од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал извршени се претреси кај второ и третопријавениот при што се пронајдени и одземени парични средства во износ од 65.280 евра, 29.840 франци и 161.500 денари“, извести МВР.

Пријавената А.Т. како студентка на Стоматолошки факултет со намера да се стекне со Уверение за положен стручен испит на здравствени работници со високо образование од областа на стоматологијата, во декември 2025 година по повеќекратна комуникација преку Viber, на пријавениот С.Ч., професор на Стоматолошки факултет и поранешен Потпретседател на Стоматолошка комора му дала награда во вид на парични средства кои му ги префрлила на неговата банкарска трансакциска сметка.

Парични средства му биле дадени на С.Ч. со цел истиот да изврши влијание кај пријавениот С.Е. во својство на Претседател на Комисијата за полагање на стручен испит на здравствени работници со високо образование од областа на стоматологијата при Министерството за здравство, при што пријавената А.Т. во декемвриска испитна сесија полагала на 17.12.2025 пред формираната комисија и без да го поседува потребното знаење се стекнала со Уверение за положен стручен испит.

Тагови
реклама

Комплетирани сите двојки за плејоф квалификациите за ЛШ

Read more

Зошто Велика Британија се откажа од брод со злато вредно 5,5 милијарди фунти?

Read more

Израел oбјави мапа како доказ дека Турција окупира поголема територија од нив

Read more

Пет знаци може да укажуваат дека не внесувате доволно протеини

Read more

Хроника

За два дена 1.322 казни, уапсени 32 возачи

Read more

Возач удрил во малолетник со тротинет и избегал, детето со тешки повреди пренесено во болница

Read more

Во Идризово стигнале 32 пакувања марихуана, во пратка за затвореник

Read more

Уапсен возач од Арачиново кој избегал по несреќата во Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист

Read more

Вести

Прогласена епидемија на западнонилска треска во 5 општини и неколку населби во Скопје, еден пациент почина

Читај повеќе

Завршува топлотниот бран: Од утре локално невреме и пад на температурите

Читај повеќе

Путин се заканува дека ќе заплени европски бродови поради санкциите: Ќе возвратиме со иста мера

Читај повеќе

Млада Мароканка се удавила пливајќи кон Шпанија не знаејќи дека ѝ била издадена виза

Читај повеќе

За два дена 1.322 казни, уапсени 32 возачи

Читај повеќе

Левица бара распишување локален референдум за ДУП-от за Барутана за градбите на Водно

Читај повеќе

Израел oбјави мапа како доказ дека Турција окупира поголема територија од нив

Читај повеќе

Денеска сончево и многу топло, температурата до 40 степени

Читај повеќе

Украина достави до САД предлози за завршување на војната

Читај повеќе