Расчистен случајот со објавената снимка од палење на македонското знаме: Малолетници учествувале во инцидентот

Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделението за компјутерски криминал, во координација со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, целосно го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа TikTok, на која се гледа палење на македонското знаме.

На 22.09.2026 година, при мониторинг на социјалните мрежи, полициски службеници детектирале видеообјава со содржина со која е сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“, предвидено и казниво по член 319 став 1 од Кривичниот законик.

По преземените оперативни мерки и активности, на 23.09.2026 година е утврден идентитетот на авторот на профилот. Станува збор за малолетно лице под 14-годишна возраст од Тетово.

Во просториите на полицијата, во присуство на родител и претставници од Центарот за социјална работа Тетово, со малолетникот е извршен службен разговор, при што тој го признал делото. Со согласност на родителот, за потребите на постапката и фотодокументирањето на доказите, обезбеден е мобилниот телефон од кој било поставено видеото.

Во текот на службениот разговор, малолетникот посочил уште три малолетни лица кои учествувале во настанот. Тие дополнително ќе бидат повикани во полициска станица за целосно расчистување на случајот.

По целосното документирање на предметот, до надлежното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесен соодветен поднесок.

реклама

Најголемиот камион во светот: Носи 450 тони, а колку троши?

Read more

Србија се пофали со какво ново оружје и воена технологија располага

Read more

Ердоган по колапсот на инвестициските фондови во Турција: Ќе го исчистиме пазарот од алчните паразити

Read more

Бен Афлек коментираше за Џеј Ло две години по нивниот развод

Read more

Хроника

Одземен му е пасошот на вишиот јавен обвинител од Битола

Read more

Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње, интервенирала полицијата

Read more

Виш јавен обвинител во Битола влијаел врз одлуки на колеги и ургирал за пониски казни

Read more
Фото: Кајгана

Раководителки во АД Државна лотарија си го присвојувале дневниот промет 

Read more

Вести

Македонското знаме се развеа во Јужна Кореја!

Читај повеќе

Војна или не, рускиот гас се враќа во Европа?

Читај повеќе

Осуденичката која преживеа обид за погубување во САД се разбудила „збунета и лута“

Читај повеќе
  • filter

Србија се пофали со какво ново оружје и воена технологија располага

Читај повеќе

Трамп: Договор со Иран веќе не е нешто што го сакам

Читај повеќе

Денеска сончево, продолжениот викенд со врнежи од дожд

Читај повеќе

Без струја денеска делови од општините Аеродром, Кисела Вода, Петровец и Илинден 

Читај повеќе

Одземен му е пасошот на вишиот јавен обвинител од Битола

Читај повеќе

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година

Читај повеќе