Серискиот убиец од Старо Нагоричане осомничен за уште две убиства на жени

СВР Куманово поднесе кривични пријави против убиецот од Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, за убиство на уште две жени и обид за убиство на две жени, како и против двајца мртвопроверители од болницата во Куманово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. (26) од село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, за сторено кривично дело Убиство поради основи на сомневање дека ги убил Ј.А. од село Драгоманце и С.К. од село Клечовце, како и поради сомневање за сторено кривично дело Обид за убиство врз С.А. и Р.Т..

По извршени проверки и ексхумација на телата на Ј.А. и С.К., утврдено е дека лицата починале од насилна смрт.

Врз основа и на други сознанија и докази, било утврдено дека тој ги убил двете жени и во координација со обвинителството, против него е поднесена кривична пријава.

Претходно, СВР Куманово до обвинителството во Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. за убиство и на М.С. и М.М., а по предлог на јавниот обвинител, од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор.

СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе и кривична пријава за сторено кривично дело Несовесно вршење на службата против мртвопроверителите М.С. и Д.Д. од Општата болница - Куманово.

Обвинителот Љубомир Лапе на денешниот брифинг со новинарите рече дека се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол.

реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Хроника

Целосно изгоре возило на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром

Read more

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Read more

Тело во фаза на распаѓање најдено покрај Лепенец кај Орман

Read more

Тешко повреден работник на аеродромот во Охрид, паднал од кров

Read more

Вести

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Читај повеќе

Airbus го претстави автономниот хеликоптер U145 дизајниран за воени мисии

Читај повеќе

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Читај повеќе
  • filter

Целосно изгоре возило на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром

Читај повеќе

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Читај повеќе

Каде се рангира Македонија на Глобалниот индекс на мир?

Читај повеќе

Тело во фаза на распаѓање најдено покрај Лепенец кај Орман

Читај повеќе

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Читај повеќе

60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Театарот мора да ризикува, да оди по тесна греда

Читај повеќе