Трагедија кај Миладиновци: Татко и 18-годишен син загинаа во директен судир, тројца тешко повредени

Две лица загинаа, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што околу 2 часот по полноќ се случила на општинскиот пат Илинден–Миладиновци, кај полициската база Брест, која се наоѓа во склоп на Меѓународниот аеродром „Скопје“.

Според Основното јавно обвинителство Скопје, директно се судриле Opel Corsa со кумановски регистарски ознаки, управувана од 19-годишен кумановец, и Hyundai i30, управуван од 51-годишен жител на Марино.

Во несреќата на самото место починале 51-годишниот возач на хјундаито и неговиот 18-годишен син.

Тешко е повредена и 18-годишната ќерка на загинатиот возач.

Со тешки телесни повреди се здобиле и 19-годишниот возач на корсата и неговиот сопатник, кој е на иста возраст. Двајцата биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба.

На местото на несреќата увид извршиле дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, вешто лице и увидни екипи на Министерството за внатрешни работи.

Јавниот обвинител издал наредби за обдукција на телата на двајцата починати.

Надлежните преземаат дополнителни дејствија и прибираат докази за да се утврдат причините и околностите под кои дошло до директниот судир.

Тагови
реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Хроника

Фото: Кајгана

Раководителки во АД Државна лотарија си го присвојувале дневниот промет 

Read more

Загина пешак од Велешко: Го удрило возило и побегнало

Read more

Директор во Свети Николе склучил договори без тендери, една фирма заработила 3,4 милиони денари

Read more

Оперативна акција Чистач: 5.628 уапсени и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговијата со дрога и прекуграничниот криминал

Read more

Вести

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Читај повеќе

Бугарскиот министер за погодените бродови: Имам свое убедување чии се дроновите

Читај повеќе

Европската Унија предлага постепена интеграција за потенцијалните членки

Читај повеќе

Трамп одобри воено погубување од стрелачки вод 

Читај повеќе

Дали е неизбежна нова војна на Блискиот Исток? 

Читај повеќе
Фото: Кајгана

Раководителки во АД Државна лотарија си го присвојувале дневниот промет 

Читај повеќе

Починати, отселени, лажни лица биле корисници на социјална помош, соопшти Мицкоски

Читај повеќе

Контроверзни одлуки на српската изборна комисија 20 дена пред изборите

Читај повеќе

Минчев: Јавната администрација не е трошок, таа е инвестиција 

Читај повеќе