Тројца Бугари фатени при неовластена трговија со македонски народни носии

Основното јавно обвинителство Битола отвори против тројца бугарски државјани, жители на Пловдив, поради основано сомнение дека вршеле кривично дело неовластена трговија со добра под привремена заштита, културно наследство и природна реткост.

Осомничените, во текот на месецот, во околината на Демир Хисар, заедно договорени, во група, неовластено купувале предмети – делови од македонски народни носии, кои претставуваат културно наследство според член 2 од Законот за заштита на културното наследство и чиј промет е забранет или ограничен.

Имале цел таквите предмети да ги изнесат во странство, односно во Република Бугарија, но на 9 декември биле затекнати од полициски службеници како ги пренесуваат натоварените предмети во едно товарно возило и еден автомобил.

Од МВР соопштија дека предметите се прегледани од етнолог од „Музеј Битола“ и констатирано е дека се работи за делови од македонски народни носии, кои претставуваат културно наследство, и се со забрана за промет и за продажба без нивна дозвола.

Тројцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

реклама

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Read more

Автобус се преврте во Унгарија, 12 мртви, возачот е уапсен

Read more

Работници нашле злато вредно 9 милиони евра копајќи канализациска цевка

Read more

Ретроградна Венера ги враќа бившите и ги замрсува финансиите

Read more

Хроника

Загина 19-годишна девојка во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан

Read more

Директорот на Алсат, Лирим Хајредини, пронајден мртов со повреди на телото

Read more

Од водите на Преспанското Езеро извлечено телото на скопјанец

Read more

За два дена 1.322 казни, уапсени 32 возачи

Read more

Вести

ЕВН не смее да биде над законите: Левица бара одговорност за пожарите предизвикани од електричната мрежа

Читај повеќе
  • filter

Автобус се преврте во Унгарија, 12 мртви, возачот е уапсен

Читај повеќе

Хаваи се подготвува за можен прв директен удар од ураган по 34 години

Читај повеќе

Нов случај на западнонилска треска во Арачиново

Читај повеќе

Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење

Читај повеќе

Јужна Кореја ја повикува Северна на дијалог: Сакаме траен мир

Читај повеќе

СВП контра Љутков: Никогаш немало предлог да се укинат Струшките вечери на поезијата

Читај повеќе

Проширувањето на ЕУ на пресвртница: Кој прв ќе оди во Брисел?

Читај повеќе
  • play_arrow

Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди јужна Шпанија

Читај повеќе