Уапсени четворица Италијанци во Велес, ловеле дивеч без дозвола

Полицијата уапси 4 италијански и 1 македонски државјанин, при претрес во објектот во кој престојувале во Велес биле пронајдени и одземени ловечко оружје, муниција и уловен дивеч без дозвола.

На 2.9.2026 во 11:20 часот на автопатот Велес–Градско, полициски службеници  го лишиле од слобода Л.Б. (60) од Италија, со привремен престој во Велес.

При преглед на патничко возило Audi со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 207 ловечки патрони за кои не поседувал соодветна документација.

Известен бил јавен обвинител и инспектор за странци и по документирање на настанот против Л.Б. ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Подоцна, во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода и Т.Р. (58), З.Д. (72) и А.А. (74), сите од Италија и М.И. (62) од Скопје.

При претрес во објектот во кој престојувале италијанските државјани во Велес, извршен со наредба од Основен суд Велес, каде бил затекнат и М.И., кој бил домар, биле пронајдени и одземени ловечко оружје, ловечки патрони, поголема количина улов, пари, документација и други предмети.

Известен бил претставник од ловечко друштво Руен од Велес, при што било констатирано дека одземениот улов потекнува од кривично дело Незаконит лов, казниво по член 228 од Кривичниот законик. Л.Б., Т.Р. и М.И. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Тагови
реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Хроника

Фото: Кајгана

Раководителки во АД Државна лотарија си го присвојувале дневниот промет 

Read more

Загина пешак од Велешко: Го удрило возило и побегнало

Read more

Директор во Свети Николе склучил договори без тендери, една фирма заработила 3,4 милиони денари

Read more

Оперативна акција Чистач: 5.628 уапсени и 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговијата со дрога и прекуграничниот криминал

Read more

Вести

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Читај повеќе

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Читај повеќе

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Читај повеќе

Бугарскиот министер за погодените бродови: Имам свое убедување чии се дроновите

Читај повеќе

Европската Унија предлага постепена интеграција за потенцијалните членки

Читај повеќе

Трамп одобри воено погубување од стрелачки вод 

Читај повеќе

Дали е неизбежна нова војна на Блискиот Исток? 

Читај повеќе
Фото: Кајгана

Раководителки во АД Државна лотарија си го присвојувале дневниот промет 

Читај повеќе

Починати, отселени, лажни лица биле корисници на социјална помош, соопшти Мицкоски

Читај повеќе