Убиство во Челопек, 25-годишен маж задушил жена со перница

Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.

„Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото“, соопшти полицијата.

Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. 

Од Обвинителството информираат дека се издадени повеќе наредби за обезбедување докази и траги од местото на настанот, кои ќе бидат предмет на дополнителни вештачења со цел целосно расчистување на случајот.

Постојат индиции дека истото лице во претходниот период можеби било инволвирано и во други кривични дела на подрачјето на кумановско, поради што, по наредба на јавен обвинител, се преземаат интензивни дејствија за утврдување на сите околности и евентуалната поврзаност меѓу настаните.

Од Обвинителството посочуваат дека по целосно испитување на фактите и прибирање на сите релевантни докази ќе биде поведена соодветна постапка против осомниченото лице.

реклама

Како да спречите рибата да се залепи на тавата за време на пржењето?

Read more

Еден Азар под истрага

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Хроника

Шест лица лишени од слобода во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога

Read more

Приведен вработен во „Комунална хигиена“ Скопје, нападнал колега од внатрешна контрола

Read more

Пожар во пречистителната станица кај Кочани, спречено ширење кон инсталација со метан

Read more

Уапсен 18-годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Read more
 

Вести

ЕУ во последен момент одлучува за санкции против Русија 

Читај повеќе

Вашингтон нуди 10 милиони долари за информации за иранските лидери

Читај повеќе

Јабланица гори три дена, два армиски хеликоптера се борат со пожарот

Читај повеќе

Трендафилов: Ние денеска се бориме за вашите плати, а што ќе правите вие?

Читај повеќе

Шест лица лишени од слобода во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога

Читај повеќе

Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19°C

Читај повеќе

Вучиќ ја зајакнува војската и вели дека нема да дозволи Србија да биде покорена

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од центарот на Скопје

Читај повеќе

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Читај повеќе