Улично куче нападнало дете во Битола, завршило во болница

Улично куче нападнало 8-годишно дете на плоштадот „Магнолија“ во Битола. Детето со повреди на челото било хоспитализирано, а по медицинската помош е пуштено дома.

За настанот реагираа и од Општина Битола.

„Општина Битола изразува длабоко жалење за немилиот настан, кој се случил вчера во угостителски објект на Плоштадот 'Магнолија', при што осумгодишно дете се здобило со повреда на челото, како резултат на напад од улично куче. Благодарение на навремената интервенција, детето е соодветно згрижено во Одделението за максилофацијална хирургија при Клиничката болница во Битола, каде што му е пружена неопходната медицинска помош. Повредата е санирана, а детето е пуштено на домашно лекување со препишана терапија и лекарски препораки“, велат оттаму.

Во денешниот контакт со родителите, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, беше информиран дека детето се чувствува добро, но сѐ уште чувствува страв по вчерашната случка, иако станува збор за дете кое ги сака кучињата и честопати знае да игра со нив.

Коњановски посакувајќи му брзо закрепнување на детето, во разговорот со родителите нагласи дека Општината интензивно работи на решавање на проблемот со бездомните кучиња.

„Овој инцидент уште еднаш ја потенцира потребата од систематско и долгорочно решение на проблемот со бездомните кучиња. Прифатилиштето 'Хачико', кое започна со работа во октомври 2024 година, претставува важен чекор во воспоставувањето организиран пристап за справување со оваа проблематика. Работата на прифатилиштето мора да биде поддржана, а не дискредитирана, како што за жал беше случај изминатата недела, од одредени субјекти“, велат од Општина Битола.

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Хроника

Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје

Read more

Двајца малолетници нападнати од насилници со фантомки кај стадионот Борис Трајковски

Read more

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Read more

На „Богородица“ откриени службени пиштоли украдени од обезбедувањето на ЈП „Паркови и зеленило“

Read more
 

Вести

И електронските цигари влегуваат во новиот закон за заштита од пушењето

Читај повеќе

Индија и ОАЕ потпишаа договор за гас вреден 3 милијарди долари

Читај повеќе

Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје

Читај повеќе

Изложба на фотографии и проекција на документарен филм Старата скопска чаршија: Визии за иднината

Читај повеќе

Црна Гора ќе вработи речиси 30.000 странски работници

Читај повеќе

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Што сè заплени Царинската управа изминатата недела?

Читај повеќе

Фон дер Лајен: Време е да се изгради нова, независна Европа

Читај повеќе