Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар-с. Градец, во село Добри Дол, Гостиварско, патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Г.Б. од село Врапчиште, Гостиварско, удрило во пешакот 65-годишниот З.Ш. од село Добри Дол.
По несреќата, пешакот З.Ш. бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде што починал, а лекар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, а по член 300 од Кривичниот законик – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, околу 21:10 часот од слобода бил лишен возачот Г.Б..
Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово - ОВР Гостивар.