Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна девојка од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Запуштање и малтретирање на дете.
Според информациите од полицијата, на 1 февруари 2026 година, по породување во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно, со депониран потпис, го напуштила гинеколошкото одделение и притоа го оставила новороденото бебе.