Виш јавен обвинител во Битола влијаел врз одлуки на колеги и ургирал за пониски казни

Обвинителството поведе постапка против виш јавен обвинител во Битола кој е осомничен дека влијаел врз одлуки на колеги и ургирал за пониски казни.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание“, соопшти Обвинителството.

Во изминатиот период биле обезбедени докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој го искористил своето реално влијание и службената положба што ја извршувал за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку четири поединечни предмети, на подрачјето на кое ја вршел својата функција.

Притоа, ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка.

Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во домот на осомничениот и во просториите на Вишото јавно обвинителство Битола со цел обезбедување дополнителни докази.

„Надлежниот јавен обвинител продолжува да го испитува случајот, а до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за преземање определени работни активности, односно оддалечување на осомничениот од работното место“, соопшти Јавното обвинителство.

Тагови
реклама

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Хроника

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Read more

Вратила позајмица со камата од 2.500 евра, но заканите продолжиле

Read more

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица

Read more

10 возачи уапсени во изминатото деноноќие: 7 возеле без возачка, 3 со активна забрана

Read more

Вести

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Читај повеќе

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Читај повеќе

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Читај повеќе

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Читај повеќе

Уапсени осум полицајци за смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на обвинет за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Читај повеќе