
Возило во сопственост на АРМ, оставено на сервисирање во Гази Баба било украдено во текот на ноќта.
Случајот во МВР го пријавил сопственикот на автосервисот.
Се работи за товарно возило Iveco Daily Furgone, сопственост на македонската Армија. Украдени биле и регистарски таблички од патничко возило Mazda кое било оставено на сервис.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.