Полициските службеници изминатите два дена констатираle 1.322 сообраќајни прекршоци, а 32 лица се уапсени за безобѕирно управување на возило.
„Во текот на изминатите два дена (10/11.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.322 издадени платни налози, 400 прекршоци се однесуваат на возачи што не ја почитувале пропишаната брзина на движење“, информира МВР.
Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 32 лица, од кои 3 за возење под дејство на алкохол, 15 за возење без возачка дозвола, еден поради претходно изречена забрана за управување со возило. Во истиот период одземени се 13 возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 302 прекршока за неправилно паркирање, како и 16 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 106 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем.
Исто така санкционирани се 67 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас.
Согласно Законот за возила, 8 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а две заради техничка неисправност.
Санкционирани се и 5 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.