Синоќа полицијата казни 63 возачи за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава, уапсени се 8 возачи.
„Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 5:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи што управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на целата држава, при што санкционирани се 63 возачи. Од нив, по 12 на територијата на СВР Битола и СВР Куманово, по 9 на територија на СВР Велес и СВР Охрид, 8 на територија на СВР Куманово…“, соопшти МВР.
Лишени од слобода се 8 возачи по член 297-а од Кривичниот законик.
За време на контролата санкционирани се и 162 други видови на прекршоци.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.