Загина 19-годишна девојка во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан

Полицијата уапси струмичанец кој возел со 1,75 промили алкохол во организмот и учествувал во сообраќајна несреќа во која загина 19-годишна сопатничка на мотоцикл.

Вчера во СВР Струмица е пријавено дека околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица-ГП Ново Село, во атар на с. Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило SEAT León со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б. (29) од Струмица и мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од А.Д. (19) од с. Иловица.

Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала 19-годишната К.Ј., сопатничка на мотоциклот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот А.Д., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица, при што кај возачот на возилото SEAT било извршено алкотестирање и било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта и тој е лишен од слобода.

Исто така, било констатирано дека возачот на мотоциклот, А.Д го управувал нерегистриран и пред да се стекне со право да управува со моторно возило.

За време на вршење на увидот, сообраќајот на магистралниот пат Струмица-ГП Ново Село, кај с. Турново, беше во прекин во двата правци во периодот од 0:00 до 2:30 часот.

Тагови
реклама

Никој повеќе не сака вакви станови: До пред само 10 години беа хит

Read more

Исчистете ги фугите со само две состојки: Трик што ќе ви заштеди часови рибање

Read more

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Read more

Доктор објасни зошто 39-годишниот Ѓоковиќ повраќа на теренот

Read more

Хроника

Кривична против охриѓанец оти неовластено си изградил две семејни куќи

Read more

Перпарим Бајрами спроведен во КПУ Затвор Скопје

Read more

19-годишна девојка загина во Светиниколско, со возилото излетала од патот

Read more

Убиен 26-годишен скопјанец, МВР со детали за случајот

Read more

Вести

Европа годинава плати рекордна сума за руски гас

Читај повеќе

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Читај повеќе

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување

Читај повеќе

„Мозокот“ зад нападите од 11 септември 2001 година уште чека судење во САД

Читај повеќе

Што ги подгрева новите тензии меѓу Грција и Турција?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ученик избоде друг ученик и хигиеничар во средно училиште во Загреб

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најмалото училиште во Европа по 20 години ги отвори вратите за една ученичка

Читај повеќе
  • play_arrow

Пилотот предупредил дека авионот Boeing се движи пребрзо пред фаталната несреќа во Мајами

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тешка автобуска несреќа во Швајцарија, има загинати

Читај повеќе