30 години смеа со К-15, шоу за паметење во Борис Трајковски

Со овации и смеа од почеток до крај публиката во преполната арена „Борис Трајковски“ синоќа ги поздрави Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо Бубо Каров по првото шоу во живо со кое прославуваат 30 години К-15.

Вечерта помина со многу музика, смеа и емоции. На сцената се редеа некои од најлегендарните скечеви, но и неочекувани нови скечеви, со кои се коментираше и сегашната состојба во земјата – духовито, храбро и препознатливо по стилот на К-15.

Посебна реакција предизвикаа громогласната изведба на „Ти си некаде“ од Цацко и раскажувањето на „Кичмата“, пеглањето на Тошо, Климе и појавувањето на Бапчо.

Целиот настап беше придружуван од голем оркестар со над 30 врвни музичари, диригирани од маестро Џијан Емин, кој стои зад оркестрациите на песните на „Дуо Трио“, а публиката имаше можност да чуе и сосема нова песна. Режијата е дело на Синиша Евтимов, кој ја обликуваше вечерта во вистинско театарско и музичко доживување.

Ова е само првата од трите планирани вечери – нешто што досега не му успеало на ниту еден македонски артист: три последователни настапи во најголемата арена во земјава.

Саботното „Второ полувреме“ е распродадено, но остануваат уште мал број билети за третата вечер, кои може да се купат на www.kupikarta.com или на билетарницата во „Борис Трајковски“.

Тагови
реклама

Подобрете го вкусот на палентата со додавање на една состојка

Read more

Нова ера на плаќање во црквите: Верниците сега можат да донираат со картички и телефони

Read more

Како правилно да го исчистите кожниот мебел и да му го продолжите векот на траење?

Read more

Руски астролог предвидува на кои хороскопски знаци им претстои финансиски успех

Read more

Култура

Во Скопје концертна промоција на Afro Gitano: Албум снимен на три континенти

Read more

Планинарскиот клуб Љуботен го прославува стотиот роденден со документарен филм за вековното постоење

Read more

Дејан Дуковски ќе биде Автор во фокус на јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Read more

Битола е подготвена за 11-тото издание на Шекспир фестивалот

Read more
 

Вести

Бундесбанк: Германската финансиска стабилност е во опасност

Читај повеќе

Руски војник осуден на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник

Читај повеќе

Утре променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презеде градоначалничката функција

Читај повеќе

Утре без вода дел од улица во скопски Карпош

Читај повеќе

МВР апелира: Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, оставете го мобилниот додека возите

Читај повеќе

Лога: Македонија е единствената земја во Европа која сѐ уште нема биометриски лични карти

Читај повеќе

Вештачката интелигенција го менува пазарот на труд

Читај повеќе

Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк

Читај повеќе