47. издание на фестивалот Скопско лето

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје го претставува дигиталното издание на каталогот на фестивалот „Скопско лето 2026“.

На линкот тука можете да го прелистате официјалниот каталог на фестивалот и да се запознаете со богатата програма што нè очекува во наредните 40 фестивалски денови.

Каталогот и визуелниот идентитет на „Скопско лето 2026“ се изработени од графичкиот дизајнер Климент Коробар, чиј креативен пристап го обликува овогодишниот визуелен изглед на фестивалот.

Овогодишното 47. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се отвори со изложба „75 години Државен архив на Република Северна Македонија“, со почеток во 20:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност. Изложбата е подготвена по повод 75 години постоење на оваа значајна институција, јубилеј кој се одбележува во 2026 година и ги опфаќа најзначајните документи кои се чуваат во Државниот архив – централен дел и неговите девет Одделенија во Скопје, Тетово, Куманово, Штип, Струмица, Прилеп, Битола, Охрид и Велес.

На 16 паноа прикажани се документи кои говорат за историјата на Македонија во османлискиот период, историја на секојдневниот живот, за Македонците кои живеат во дијаспората, културниот живот во XX век, институционалната меморија во македонската држава и други. До сега изложбата беше промовирана во рамки на Свечената академија која се оддржа на 6 април 2026 година по повод јубилејот во Македонскиот народен театар, а наскоро ќе биде претставена во Куманово. Автори на изложбата се м-р Марјан Гијовски, Блерта Емини, Дора Јурукова, д-р Јасмина Дамјановска и м-р Јован Стојановски.

Свеченото отворање продолжува во просториите на Музејот на македонската борба за самостојност во 20:30 часот со концерт насловен „Аманет во свила: Звуците на Македонија од Византија до денес“ на Камерниот гудачки оркестар „Полифонија“ и солистот Петар Христов (лира, уд, лаута, дудук, G-кларинет). Гости на концертот се Ана Митовска (вокал, ксантур), Горан Трајковски (вокал), Гоце Ристовски (вокал, тамбура), Симон Облешевски (вокал, удиралки) и Александар Ицковски (виолончело, кларинет).

Оркестар ПОЛИФОНИЈА: Сања Шуплевска (виолина), Ирена Костовска (виолина), Гоце Вангеловски (виолина) и Филип Георгиев (виола).

Овој проект е авторски проект на мултиинструменталистот Петар Христов, со аранжмани на Александар Ицковски.

Уникатниот аудио-визуелен настан претставува длабок спој на традиционалниот мелос, византиската духовна музика и класичната софистицираност. Преку богатиот звук на автентичните инструменти – лира, уд, лаута, дудук, ксантур, тамбура и кларинет, публиката ќе патува низ вековите: од емоцијата на македонската изворна песна, преку молитвените псалми, па сè до раскошните византиски и средновековни мотиви.

Концертот нуди внимателно конципирана репертоарска линија во 18 точки, која се движи од моќни традиционални теми како „Развивај горо зелена“, преку духовната длабочина на Псалмите 118 и 120 и мистичните композиции „Ватопед“ и „Тврдокорна молитва“, па сè до раскошните оркестарски звуци на „Весела Византија“ и „Бузелик“.

„Аманет во свила“ е музички проект инспириран од културните и духовните слоеви што низ вековите го обликувале македонскиот простор. Преку внимателно избрана програма, концертот ги поврзува византиското наследство, ориенталните влијанија и современиот музички израз во единствена звучна целина. Делата создаваат патување низ времето, откривајќи ги допирните точки меѓу различните традиции, стилови и идентитети. Проектот претставува уметничко истражување на меморијата, културниот континуитет и богатството на музичкото наследство на Македонија.

„Аманет во свила“ е повеќе од концерт – тоа е пренесување на светот културно наследство исткаено во суптилни звучни нишки кои оставаат траен белег во душата на слушателот.

Билетите за концертот се во продажба на karti.com.mk.

реклама

Спа центар на извори стари 80.000 години, ноќевање само 400 денари

Read more

Голем финансиски хороскоп за ЈУЛИ 2026 година

Read more

Клубот му забрани на Белгиецот Дебаст денеска да игра против Шпанија

Read more

Венера влезе во Девица на 9 јули: Што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Read more

Култура

Почнува меѓународниот фолклорен фестивал Гази Баба 2026

Read more

Бесплатни проекции на македонски филмови на големото платно

Read more

Изложба на мозаици на академскиот сликар и мозаичар Ѓорѓи Томовски во Охрид

Read more

Почина режисерот Сашо Миленковски

Read more

Вести

Европа е во големи проблеми: Нов притисок врз горивата

Читај повеќе

Идниот британски премиер повика на поголем притисок врз Израел

Читај повеќе

Русија го осудува самитот на НАТО: Нивните одлуки би можело да имаат катастрофални последици

Читај повеќе

Вештачењето откри колку напаѓачи пукале во Нешовиќ и од која далечина

Читај повеќе
  • play_arrow

Референдум за излез од НАТО предлага претседателот на словенечкиот парламент  

Читај повеќе

Има план за атентат на Доналд Трамп, тврдат Израелците 

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Падна далновод во Шпанија, избувна пожар, има најмалку 12 мртви

Читај повеќе
  • play_arrow

Црногорскиот претседател: Европскиот пат не е откажување од нашиот идентитет

Читај повеќе

Израел: Подготвени сме да го нападнеме Иран по трет пат ако е потребно

Читај повеќе