Александра Јуруковска е добитничка на поетската награда Даница Ручигај на ДПМ

Наградата Даница Ручигај го слави споменот на една од првите модерни македонски поетеси, која трагично загина во Скопскиот земјотрес во 1963 година. Наградата се состои од плакета и објава на наградениот ракопис.

Добитник на наградата Даница Ручигај за најдобра необјавена поетска книга е збирката песни со наслов „Ткажалки“, чиј автор е Александра Јуруковска, реномирана книжевна критичарка и новинарка од областа на културата.

На конкурсот, кој за членовите на ДПМ беше отворен од 18 јули до 18 август, пристигнаа вкупно 10 ракописи од седум поетеси и тројца поети. За изборот на победничкиот ракопис одлучуваше тричлена жири-комисија во состав: Лулзим Хазири (претседател), Весна Ацевска и Сузана Мицева (членки). Во образложението за наградениот ракопис, меѓу другото, се вели:

„Поетскиот јазик на Јуруковска во триесетината песни на 'Ткажалки' е сплетен претежно од зборови карактеристични за нашата современост, но и со зборови што произлегуваат од нашата јазична традиција, обојувајќи ги стиховите со своевидна патина. На тој начин авторката внесува лична нота во современата македонска поезија. Oд народното говорно јадро извлекува и постари, но и дијалектни зборови умешно вклопувајќи ги во песните, на тој начин оживувајќи ја и збогатувајќи ја лексиката. 'Ткажалки' е книга што нуди катарза, но и потсетување: дека зборот е единствената трага што може да ја победи минливоста. Со овој ракопис, Александра Јуруковска се потврдува како поет со силен израз, јасен став и бескомпромисна искреност. 'Ткажалки' не е само збирка поезија – тоа е поетски споменик на личното и колективното страдање, но и сведоштво за силата на јазикот да ги сочува тагата, љубовта и достоинството“, стои во образложението на жири-комисијата за поетска награда Даница Ручигај за 2025 година.

Александра Јуруковска е книжевен кртичар, новинар и промотор на култрата. Автор е на книгите: „Ткаење на текстот“ (новинска критика; Силсонс, 2014), „Медиумскиот егзил на книжевноста“ (интермедијалната студија; Авант прес, 2018) и „2 минути и 40 реда“ (радио и новинска критика; ПНВ публикации, 2020). Автор е и на бројни есеи и студии и од сферата на книжевната критика, есеистика и теорија. Објавува во најзначајните домашни и регионални списанија за литература, култура и културолошки истражувања, како и на неколку специјализирани портали. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2019 година. „Ткажалки“ е нејзин прв поетски ракопис.

Наградата Даница Ручигај го слави споменот на една од првите модерни македонски поетеси, која трагично загина во Скопскиот земјотрес во 1963 година. ДПМ го востанови ова признание во 2015 година и досега се доделуваше на објавена поетска збирка напишана од авторка. Пред две години наградата беше отворена за сите поетски книги од членовите на ДПМ, а од оваа година, во согласност со одлуката на Управниот одбор, се доделува за најдобар необјавен поетски ракопис. Возобновувањето на концептот на наградата доаѓа на десетгодишнината од нејзиното востановување. Наградата се состои од плакета и објава на наградениот ракпис, а врачувањето е закажано за 24 септември во просториите на Друштвото на писателите на Македонија.

реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Култура

Страст, љубов и трагичен расплет – Кавалерија рустикана на сцената на Националната опера и балет на 11 септември

Read more

Дигитално реставрираниот Солунски атентатори премиерно ќе го отвори фестивалот Нем филм 2026

Read more

Кои ќе бидат гости на 13. „Скопје фелоушип“ на фестивалот ПРО-ЗА Балкан?

Read more

Црно злато - нова претстава на МНТ со потписот на Слободан Унковски и Дејан Дуковски

Read more

Вести

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Читај повеќе

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимен моментот кога украински дрон удира во станбена зграда во Русија

Читај повеќе

На полноќ се зголемуваат цените на горивата 

Читај повеќе

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Читај повеќе

19-годишна девојка загина во Светиниколско, со возилото излетала од патот

Читај повеќе
  • play_arrow

Изгаснат пожарот на македонско-косовската граница, нема повеќе да го загадува Скопје 

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ФБИ сокриле клучни докази за нападите на 11 септември?

Читај повеќе

Убиен 26-годишен скопјанец, МВР со детали за случајот

Читај повеќе