Без победник на конкурсот Горан Стефановски: Текстовите што ги добивме се скици, немаат целосна драмска структура

На денешната прес-конференција во Драмски по повод донесувањето на Одлуката на комисијата за конкурсот за наградата Горан Стефановски за најдобар драмски текст од млад автор до 30 години објавен на 25.7.2025 година, соопштија дека биле доставени 3 драмски текста од тројца автори.

Комисијата во состав: Викторија Рангелова-Петровска, (драматург во Драмски театар Скопје и претседател на Комисијата) и членовите: Жанина Мирчевска (драматург), Венко Андоновски (книжевен теоретичар), Дејан Лилиќ (актер првенец) и Димче Николовски (режисер), по анализа на доставените дела едногласно одлучи наградата Горан Стефановски за најдобар драмски текст од млад автор до 30 години да не се додели.

Во образложението на одлуката што го прочита претседателката на Комисијата, Викторија Рангелова-Петровска, се вели: „Комисијата аналитично ги разгледа драмските дела, кои се доставени во рок и ги исполнуваат условите согласно со објавениот конкурс. Комисијата потврди дека доставените текстови се испишани во драмска форма, воразличен жанр и стил. Обработуваат теми инспирирани од лични и општествени состојби. Доставените дела немаат целосно изградена и развиена драмска структура. Карактерите во делата се еднодимензионални и повеќе се функции одошто карактери кои го градат драмското дејство. Дијалозите се непотребно реторични, информативни или банални. Комисијата заклучи дека доставените драмски материјали имаат потенцијал, но развиени се до ниво на драмски скици/зачетоци, на кои им е потребна доработка за да прераснат во квалитетни драмски текстови.

Одлуката да не се додели наградата и оваа година може да се толкува како дестимулативен потег, но и покрај тоа Комисијата принципиелно стои на ставот дека единствениот критериум за доделување на наградата Горан Стефановски е и мора да биде квалитетот на драмскиот текст. Малиот број на доставени драмски дела е уште еден критичен показател.

Поради тоа Комисијата достави предлог до Управата на Драмски театар Скопје да разгледа три можни измени во Правилникот за наградата Горан Стефановски и тоа:

  • да се зголеми возрасната граница,
  • потполно да се отстрани ограничувањето на возраста,
  • да се размисли за награда Горан Стефановски за развој на драмски текст и негова сценска реализација.

Директорот на театарот, Роберт Вељановски, истакна дека и покрај недоделувањето на наградата и во втората година од востановувањето, целосно стои зад одлуката на Комисијата и изрази заложба дека со големо внимание ќе биде разгледан предлогот на Комисијата за можноста за промена на критериумите во Правилникот за Конкурсот за драмски текст за наградата Горан Стефановски. Се надева дека наредните објавени конкурси со евентуалните измени ќе бидат исто така со критериум достоен на делото на Горан Стефановски, а од друга страна доволен мотив за авторите и нивните текстови да бидат дел од современата македонска драма со цел да се збогатува македонското драмско творештво и да се одржи континуитетот на македонското драмско писмо.

реклама

Како да направите помфрит во рерна, а да биде како пржениот во фритеза?

Read more

3 хороскопски знаци влегуваат во период на луксуз и богатство

Read more

Нови детали: Поранешниот началник на белградската полиција ја намамил жртвата во ресторанот

Read more

Половните автомобили поскапуваат и до 500 евра

Read more

Култура

Промоција на монографијата Историја на Галичник од Дамјан Бужаровски

Read more

Распишан меѓународниот конкурс за необјавена песна на 9. издание на „Антево слово“ 2026

Read more

Хуманитарна изведба на Торонто експрес во МНТ: Театарот игра за СОС Детско село

Read more

Настан со народни ора и песни, носии и ракотворби во Паркот на Франкофонијата

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ципрас се враќа во политиката: Поранешниот грчки премиер ќе претстави нова партија

Читај повеќе

Грција: Нема да има ослободување на туристите од некои земји од земање биометриски податоци

Читај повеќе

Пороен дожд, грмежи и локално невреме до крајот на оваа седмица

Читај повеќе

Меркел: Лидерите на ЕУ треба сами да разговараат со Путин

Читај повеќе

Мицкоски, Касами и Меџити на средба за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит

Читај повеќе

По студениот бран, Европа се соочува со нагло затоплување

Читај повеќе
  • play_arrow

ЗНАМ: Филипче има фирма во Петрич на иста адреса со компанија на Вице Заев

Читај повеќе

Филипче: „Промакедонската“ партија на Мицкоски, во која половина имаат бугарски пасоши, не сака да биде македонска

Читај повеќе

Војната во Иран веќе ги чинеше компаниите 25 милијарди евра: Кој сектор е најпогоден?

Читај повеќе