Битола е подготвена за 11-тото издание на Шекспир фестивалот

Оваа година, во чест на 81 година постоење на Народниот театар Битола, на сцената на театарот, оживуваат вечните дела на Вилијам Шекспир – во интернационален театарски дух и со врвни продукции од Македонија и светот. Роденденот Битолскиот театар го слави со премиера и 11-тото издание на Битола Шекспир фестивалот кој се отвора со премиера на „Макбет“ – НУ Народен театар Битола, Македонија.

Од 14 до 21 ноември публиката ќе има можност да ужива во претставите од Македонија, Полска, САД, Хрватска / Англија и Бугарија.

На програмата се:

– 15.11 – „Дванаесеттата ноќ“ – Драмски театар „Александар Венгерко“, Бјалисток, Полска, режија: Игор Горжковски

– 17.11 – „Крал Лир“ – Lit Moon Theatre, САД со почеток од 20 часот, режија: Џон Блондел

– 18.11 – „Еволуцијата на распадот“ – Театарско здружение „Артема театарска лабораторија“, Скопје, Македонија, почеток 20 часот, режија: Дамјан Димовски,

– 19.11 – кореодрама „Само ти(и)ја / Only You (and I)“ – Здружение на граѓани Тим Театрос К, Скопје , Македонија, режија: Војо Цветановски, почеток 20 часот

– 19.11– „Ричард III“ – НУ Народен театар Битола, Македонија, режија: Мартин Мирчевски, почеток 21 часот,

– 20.11 – „Јас Писблосом / I, Peaseblossom“ – Hani-Tong Theatre, Хрватска / Англија, режија: Филип Пар Монодрама базирана на извонредната ревизија на Шекспировата ,,Сон на летната ноќ“, од Тим Крауч,

– 21.11 – „Како што милувате / As You Like It“ – Драмски театар „Стојан Бачваров“, Варна, Бугарија, режија: Габор Томпа (Романија).

Влезниците за премиерата на 14 ноември за отворањето на фестивалот се по цена од 300 денари, додека за останатите денови се бесплатни, но со претходна резервација преку смс на телефонскиот број 075/549-400 (секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот) со следниве податоци: име и презиме, датум и име на претставата.

Резервациите се обработуваат по принципот „прв јавен, прв услужен“, а потврдата ќе ја добиете со повратна СМС порака со информации за подигање на билетите.

Вашата резервација е резервирана само доколку добиете потврдна смс порака. Поради ограничениот број на седишта за дел од претставите влезниците за истите се во мал број, па поради тоа принципот за резервација е „прв јавен, прв услужен“.

реклама

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Read more

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Read more

7 декември 1941, Јапонија го извршила злогласниот напад на Перл Харбор

Read more

Култура

Зимски МакеДокс на Синедејс

Read more

Отворен конкурсот за годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија

Read more

Прекината претстава во МНТ: Публиката ќе треба да плати пак за да го види крајот

Read more

Почнува 24. Синедејс со репертоар од над 50 европски остварувања

Read more
 

Вести

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Читај повеќе

УЈП: Секоја четврта контрола открива неиздавање фискална сметка

Читај повеќе
  • play_arrow

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Читај повеќе

Аеродромот во Цирих воведува 3D скенери со најмодерна технологија

Читај повеќе

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Читај повеќе

Левица: Владата во служба на финансиските елити - рекордни добивки за банките, беда за народот

Читај повеќе

Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист

Читај повеќе

Најмалку 25 лица загинаа во голем пожар во ноќен клуб во Индија

Читај повеќе

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Читај повеќе