Дејан Дуковски ќе биде Автор во фокус на јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Фото: Димитар Атанасоски

Дејан Дуковски, еден од највлијателните и најизведувани македонски драмски автори, ќе биде Автор во фокус на претстојното јубилејно 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Фестивалот ќе му посвети ден на авторот во кој со различни содржини ќе биде потенцирана важноста на Дуковски за македонската театарска меморија и култура, воопшто. Фестивалот годинава ќе се одржи од 12 до 19 јуни 2026 година.

Името на Дуковски е синоним за постмодерната драма во Македонија, а неговите текстови се препознаени како дел од поширокиот европски тренд на „нова драма“ или „in-yer-face theatre“. Со повеќе од сто и педесет евидентирани премиерни изведби на своите драми на сцените низ светот, Дуковски е најизведуваниот македонски автор надвор од Македонија. Освен драмски текстови, Дуковски е автор и на сценарија и драматург.

Дипломирал драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1990 година, во класата на Горан Стефановски. Во раните 90-ти работи како драматург во Македонската радио-телевизија, од 1993 година е дел од наставниот кадар на Факултетот за драмски уметности – Скопје, како асистент по предметот Филмско и телевизиско сценарио, а од 1996 година е доцент на Катедрата за драматургија на истиот факултет. Од 2015 година е драматург во Македонскиот народен театар. Престојувал на резиденција како писател во Дојче шаушпилхаус во Хамбург, Германија.

Неговото творештво се развива во период на политички и културни потреси: распадот на Југославија, транзицијата кон независна држава и потребата за нови уметнички јазици што ќе го изразат искуството во времето на постсоцијализмот. Во тој контекст, Дуковски се појавува кон крајот на 80-тите со драми како Балканска гротеска (1988), Последниот балкански вампир (1989), а веднаш потоа и со Силјан Штркот шанца (1991), кои го најавуваат неговиот специфичен авторски ракопис: ироничен, фрагментиран, со ликови на работ на општеството.

Во 1992 ја пишува „Балканот не е мртов“, драма која станува симбол на новата македонска постмодерна драма, поставувана во повеќе земји во Европа. Неговиот најпоставуван текст е „Буре барут“ (1994) кој, покрај праизведбата во МНТ (1994), изведен е и на повеќе од педесет сцени и преведен на многу јазици во Европа и светот. „Буре барут“ доживува премиера неколку месеци пред „Разнесени“ на Сара Кејн и често се наведува како претходник на „in-yer-face“ драмата. Филмската адаптација на текстот, во режија на Горан Паскаљевиќ, добива меѓународни награди, меѓу кои ФИПРЕСЦИ награда за најдобар филм (Венеција, 1998), Гран при на фестивалите во Анталија, Хаифа и Скопје, и награда од Европската асоцијација на критичари (Лондон, 1998).

Неговите текстови се карактеризираат со фрагментарна структура, директен јазик, ликови во апсурдни ситуации и тематизација на Балканот. Користи постмодернистички пристап и рециклира познати македонски драмски наративи. Таков е случајот во „Балканот не е мртов“, каде што ја реинтерпретира „Македонска крвава свадба“ на Војдан Чернодрински, и во „Силјан Штркот шанца“, каде што основниот мотив е приказната на Марко Цепенков.

Награден е и на БИТЕФ – Белград (1997) за „Маме му ебам кој прв почна“, добитник е на наградата „Војдан Чернодрински“ (1993, 1995), како и на „Бронзена камера 300“ на ИФФ „Браќа Манаки“ (1998).

Дуковски е автор чиј театарски јазик ги надминува локалните рамки и се вмрежува во пошироката европска драмска сцена. Неговите дела се преведени на осумнаесет јазици и поставувани на повеќе од сто и педесет сцени низ светот. Со своето творештво тој придонесува за редефинирање на македонскиот театар по осамостојувањето и за неговото меѓународно позиционирање.

Во изминатите три изданија, МТФ „Војдан Чернодрински“ им посвети внимание на творештвата на прилепски театарски уметници со програмата „Прилеп во фокус“ (2024), на Горан Стефановски (2023) и на Коле Чашуле (2022).

реклама

Најубавото девојче во светот денес има 24 години и сподели голема вест

Read more

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more

„Непристоен предлог“ за земјите кои сакаат нивните бродови да поминат низ Ормутскиот Теснец

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Култура

Иван Шопов со Зентрифуга е македонски кандидат за Европската награда за литература за 2026 година

Read more

Вечер посветена на Тоше во Битола: Засекогаш во срцата по осми пат

Read more

Блокадафест пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Read more

Објавен Конкурсот за Награда за најдобар млад преведувач „Вавилон“ за 2026 година

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител, одлучи Владата

Читај повеќе

Владата уверува: Нема недостиг од гориво, Македонија е со најниска цена во регионот

Читај повеќе

Скопјанец ги нападнал поранешната партнерка и нејзиното момче

Читај повеќе

Мицкоски ќе побара од супермаркетите да не ги зголемуваат веднаш цените на производите

Читај повеќе
  • play_arrow

Активисти му упаднаа на Макрон: Зошто сè уште купуваме ураниум од Русија?

Читај повеќе

Евакуирани уште 125 македонски државјани со лет од Дубаи

Читај повеќе

Професор во Скопје уапсен за сексуално вознемирување на ученичка

Читај повеќе

Саудиска Арабија го намалува производството на нафта

Читај повеќе

Се пребарува морничавиот ранч на Епстин во Ново Мексико, вклучени се и кучиња трагачи

Читај повеќе