Џез-вечери од 13 до 16 август на Охридско лето

Првото издание на „Џез-вечери“, нова програма во рамките на фестивалот Охридско лето, ќе се одржи од 13 до 16 август, во организација на Радио Џез ФМ и на НУ „Охридско лето“. Програмата ќе се реализира во прекрасниот амбиент на црквата „Света Софија“ и на сцената Долни Сарај, а предвидени се шест концерти со настапи на музичари од САД, Германија, Грција, Гана, Холандија, Обединето Кралство и од Македонија. Меѓу изведувачите се: Крсте Роџевски, Дине Донеф трио, Нубаја Гарсиа и Kiioto.

Програмата ќе биде отворена на 13 август во црквата „Света Софија“, со концертна промоција на албумот „Orthodoxia Kai Thanatos“ на Крсте Роџевски, македонски пејач, гитарист и композитор, кој е активен на авангардната „даунтаун“ сцена во Њујорк уште од неговата преселба во градот во доцните деведесетти години на минатиот век. На концертот, Роџевски ќе настапи со Христијан Моневски и со Дамјан Палоски на вокален исон, како и со Андреа Мирческа и со Оливер Јосифовски на контрабас, во улога на инструментален исон.

Неговото осмо албумско остварување, двојното ЛП-издание „Orthodoxia Kai Thanatos“, е составено од композиции што се базираат на византиското пеење, како и на ремикси на Фенес, на Икуе Мори, на Бил Ласвел, на Јос Смолдерс, на Кевин Драм и на Томас Фелдман.

Истата вечер ќе се одржи и концерт на Дине Донеф со неговото трио, во кое настапуваат Харис Ламбракис на неј и на оргули и Кирјакос Тапакис на уд. Дине Донеф (Костас Теодору) е композитор, контрабасист, мултиинструменталист, едукатор и автор со препознатлив музички јазик. Тој е една од најавтентичните фигури на современата европска џез-сцена и на светската музичка сцена. Роден во Германија, во семејство на македонски иселеници, а израснат во Егејска Македонија, Донеф во своето творештво создава редок спој на балканската музичка традиција, на импровизацијата, на современата композиција и на личната антрополошка потрага по идентитетот и по меморијата.

На сцената Долни Сарај, на 14 август, Националниот џез-оркестар ќе се претстави со својата концертна програма „Македонски сновиденија“ – енергична фузија на македонскиот фолклор и на современиот џез. Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја поведе публиката на магично музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот.

Специјален гостин на концертот е Питер Сомуа, западноафрикански трубач со потекло од Гана, кој денес живее и твори во Ротердам, Холандија.

Следната вечер, на 15 август, Питер Сомуа повторно ќе настапи на истата сцена, овојпат со својата група. Во неговите албуми современиот џез природно се преплетува со африкански ритми, со богати мелодии и со силна емоционална експресија.

Вториот дел од вечерта е посветен на предводничката на новата британска џез-ренесанса, Нубаја Гарсиа, која со својот квартет пристигнува како несомнен хедлајнер на „Џез вечери“ на Охридско лето. Како една од предводничките на новата генерација лондонски џез-музичари, славната саксофонистка, композиторка и бендлидерка стекна светска репутација со својот препознатлив авторски израз, во кој современиот џез ги вткајува карипските музички традиции, афробитот, дабот и електронските влијанија.

Финален концерт на „Џез вечери“ на 16 август ќе има британскиот состав Kiioto, оригинален музички проект на двете етаблирани музички имиња Лу Роудс и Роан Хит, кои носат современ и автентичен авторски пристап.

Во музиката на групата органски се проникнуваат џезот, електрониката, соулот и трип-хопот, амбиенталната музика и современиот поп, создавајќи препознатлив и атмосферичен звучен пејзаж.

реклама

Никој повеќе не сака вакви станови: До пред само 10 години беа хит

Read more

Исчистете ги фугите со само две состојки: Трик што ќе ви заштеди часови рибање

Read more

Крај на клупските уцени: ФИФА го менува Член 17 поради случајот со Хулиан Алварес

Read more

Доктор објасни зошто 39-годишниот Ѓоковиќ повраќа на теренот

Read more

Култура

Македонскиот писател Давор Стојановски награден во Австрија

Read more

Боите на слободата во Музеј на Македонија

Read more

Страст, љубов и трагичен расплет – Кавалерија рустикана на сцената на Националната опера и балет на 11 септември

Read more

Дигитално реставрираниот Солунски атентатори премиерно ќе го отвори фестивалот Нем филм 2026

Read more

Вести

Европа годинава плати рекордна сума за руски гас

Читај повеќе

Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски

Читај повеќе

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување

Читај повеќе

„Мозокот“ зад нападите од 11 септември 2001 година уште чека судење во САД

Читај повеќе

Што ги подгрева новите тензии меѓу Грција и Турција?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ученик избоде друг ученик и хигиеничар во средно училиште во Загреб

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најмалото училиште во Европа по 20 години ги отвори вратите за една ученичка

Читај повеќе
  • play_arrow

Пилотот предупредил дека авионот Boeing се движи пребрзо пред фаталната несреќа во Мајами

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тешка автобуска несреќа во Швајцарија, има загинати

Читај повеќе